Со оглед на промените кои што се случуваат во однос на регистрацијата на .mk домени во последниот месец, како и се поголемиот удел кој што го има регистрацијата на домени во започнувањето или развивањето на бизнисот во Македонија, во следниов текст се осврнав на најзначајните моменти поврзани со регистрацијата на домени во светот се од почетокот на Интернетот до денес.

Регистрацијата на домени може многу тесно да се поврзе со почетокот на самиот Интернет. Со забрзаниот раст на Интернетот во 70тите, преку електронската пошта и групите за вести, се појавува потребата за алоцирање на компјутерите на поврзаните мрежи. Па така се формира IANA (Internet Assigned Numbers Authority) од страна на Министерството за Одбрана на САД и оваа агенција станува одговорна за алоцирање на уникатни броеви на секој компјутер во нејзината мрежа. Со тоа се појавува TCP/IP протоколот кој што постанува стандарден комуникациски протокол за алоцирање и поврзување на компјутери.

При крајот на 1985, бројот на регистрирани домени во светот можеше да се избои на прсти. Денес вкупниот број на регистрирани домени во светот изнесува 265 милиони. Со приближувањето кон 25 годишнината од создавањето на Интернетот, логично би било да се навратиме и потсетиме на адресите кои што помогнале да го создадат Интернетот она што е денес.

1985 – Регистрирање на првиот .com домен

На 15 март, 1985 година беше регистриран првиот домен – Symbolics.com од страна на производител на компјутери од Масачусетс. Symbolics.com остана во сопственост на истото лице се до 2009 година кога беше откупен од страна на XF.com Investments. Во моментов Symbolics.com претставува еден вид на онлајн музеј, како и простор за поставување на реклами. Иако помалку популарен, сепак за првиот домен кој што некогаш бил регистриран се смета Nordu.net кој што бил регистриран на први јануари 1985 година. Веднаш по него следувал Symbolics.com па потоа BBN.com.

1995 – Регистрацијата на домени почнува да се наплаќа

Пред 1995, било кој можеше да регистрира свој домен бесплатно. Сето ова се смени кога компанијата Network Solutions доби дозвола од страна на Национаlната Фондација за Наука да регистрира домени за цени почнувајќи од $100 за две годишна регистрација.

1998 – Приватизација на DNS и ICANN

Во 1998, Министерството за трговија на САД, под водство на Клинтон, изнесоа предлог за приватизација на Системот за именување на домени (DNS), којшто дотогаш беше контролиран од страна на владата на САД. Овој документ – којшто подоцна бил познат како „Зелениот документ“ – бил создаден со цел да се зголеми конкурентноста на пазарот на регистрација на домени и да се прошири овој процес интернационално. Јавните критики на овој документ доведоа до создавањето на „Белиот документ“, кој што адресирал голем дел од проблемите поврзани со оригиналниот документ и довел до формирањето на ICANN – International Corporation for Assigned Names and Numbers.

2003 – Акт за вистинити домени

Оваа легислатива беше создадена како дел од PROTECT актот од 2003 година, и беше создадена со цел да постави казни за лицата кои што создаваат лажни домени и кои што измамнички ги водат корисниците до порнографски страни без нивно одобрение. Примери за првите вакви страни се “Bobthebiulder.com” и “Teltubbies.com” кои што ги воделе корисниците до порнографска страна наречена “Hanky Panky College”.

2007 – Продажба на најскапиот домен

Најскапиот домен кој што некогаш бил продаден беше VacationRentals.com, по цена од $35 милиони. Неговиот купувач, Бен Шарпел, го купил доменот со цел да го заштити од конкурентната компанија, Expedia. Уште еден пример за продажба на скап домен е продажбата на sex.com во 2010 година за $13 милиони.

2012 – Мајк Ман регистрира 14,962 домени во 24 часа

Како одговор на своите акции Мајк Ман одговорил дека го направил тоа бидејќи е алчен и сака да го поседува светот. Тој заработува $400,000 месечно од продажбата на овие домени.

2013 – Сите .com домени со четири букви се зафатени

Во декември 2013 година, компанијата WhoAPI којашто е старт-ап компанија за анализирање на информации поврзани со домените, објави информации дека секоја можна комбинација на .com домен со четири букви е зафатена. Од aaaa.com до zzzz.com, сите 456,976 различни комбинации на домени се зафатени. .com домените со по три букви се зафатени уште од 1997 година.

2014 – Додадени се повеќе од 100 нови видови на топ левел домени (gLTDs)

Генеричките топ-левел томени (gLTDs) се познати за веб корисниците како текстот кој што доаѓа на крајот на URLот – .com, .org, .edu, .etc. Со додавање на новите видови на домени се зголемуваат можностите за регистрација на нови веб страни. Некои од новите опции вклучуваат генерички зборови како што се .cars и .music, дури и имиња на компании како што се .apple и .hyundai.

2014 – либерализација на .мк домените

Регистриран првиот .мк домен во МКхост во сопственост на самиот клиент. МКхост станува официјален регистрар.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn