Блоговите претставуваат значаен дел од Интернет сферата. Со целокупниот развој на светската мрежа, сè потенка станува границата помеѓу веб портал и блог, но генерално, блоговите се сметаат за поиндиректни и поинтимни места, уредувани од еден човек или пак мал број на луѓе, со точно специфицирана намена.

Постојат различни начини на блогирање

Иако генерално за блог се смета веб сајт одржуван од едно лице, и кој е претежно исполнет со текстуални содржини, блогирањето се појавува низ различни форми.

Многу компании имаат свој блог на кој се поврзуваат неформално со своите корисници. Аудио поткасти и влогови (YouTube) се сметаат исто како форма на блогирање. Twitter како платформа, пак, овозможува микроблогирање, односно изразување преку ограничен број на карактери.

Последниве години се појавија и креативни начини на социјално блогирање кои ја менуваат драстично и новинарската сфера – Medium и Periscope.

Која платформа да ја одберам?

Со преку 70 милиони корисници и над 50% удел на светскиот пазар, WordPress е лидер помеѓу платформите, односно content management systems (CMS) во светот, далеку пред конкурентите Drupal и Joomla.

Сепак, интерсен факт е дека WordPress не е само наменет за блогови. Доколку сакаш да отвориш блог преку WordPress, тоа можеш да го сториш на wordpress.com.

Доколку сакаш да отвориш веб сајт по сите стандарди, тоа исто така може да го направиш со WordPress, кој истовремено е и комплетен open source систем за менаџирање на содржина. Истиот може да подржи веб сајтови од било кој тип, независно дали за обичен портал, е-бизнис, или корпоративно претставување.

Другите предности на блогови направени преку WordPress се во големиот избор на теми и плагини, како и едноставноста во подесувањето и кастомизирањето.

Содржината е најважна

Секогаш имај на ум – блоговите ги посетуваат оние кои навистина ги интересира содржината која се нуди. Од круцијално значење е формирање на квалитетна фан база која подоцна ќе може да се монетизира.

Секогаш препораките се во насока на отворање на niche блогови, кои се занимаваат со точно определена тематика (на пример – блог за политичката ситуација во Америка, блог за статистички резултати во голф и слично), кои привлекуваат многу специфична таргет група, а со тоа и специфични огласувачи од кои ќе може да се заработи повеќе.

Огласувачите сè повеќе бараат специфични медиуми преку кои може да ги пласираат своите производи, бидејќи ефектот на промоцијата преку мас медиумите губи на своето значење кое го имаше во некои претходни времиња.

Бесплатен хостинг vs Професионален хостинг

Блог платформите овозможуваат бесплатно да се хостира сопственото онлајн место, а тоа е одлична можност да се испита теренот за почеток и да се провери дали областа за блог која е одбрана како тема има потенцијал.

Сепак, ако сакаш твоето блогирање да прерасне во нешто повеќе од обично хоби, и да преминеш во професионалните води, препорачливо и логично е да се транзитира кон професионален хостинг и домен.

Зошто? Главните причини се поради тоа што со бесплатно хостирање, контролата врз содржината ја има блог платформата, а не сопственикот на блогот. Исто така твојот домен ќе содржи и поддомен со што ќе изгледа подолго и помалку професионално, наместо да поседуваш сопствено брендирано име по кое ќе бидеш препознатлив. Со бесплатниот блог хостинг, многу е отежната и можноста за рекламирање, со што се ограничува шансата за заработка и ширење на онлајн бизнисот.

Сам свој веб дизајнер

Немаш доволно ресурси за да изнајмиш некој професионалец да го среди твојот WordPress блог или веб сајт како што треба? Не грижи се, МКхост објави бесплатен видео серијал на македонски јазик од едукативен карактер, преку кој чекор по чекор се учи за основите на WordPress и правењето на веб сајт преку оваа платформа. Истиот се содржи од следните видеа:

 

Видео 1: Што е WordPress?
Видео 2: Инсталација и работна површина
Видео 3: Како се пишуваат постови?

Видео 4: Креирање на насловна страна
Видео 5: WordPress плагини
Видео 6: WordPress теми
Видео 7: Навигација во WordPress
Видео 8: WordPress апдејти

 

За да го добиеш овој видео серијал, пријави се БЕСПЛАТНО во формата подолу.

 

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn