На 10.12.2013, Марнет испрати известување по емаил дека од 01.01.2014 правилото за сличен домен ќе биде отфрлено:

Почитувани,

Од 01.10.2013 година стапи на сила нов Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен.

Усогласувањето на регистрираните домени со новиот Правилник започнува со воведувањето  на првиот регистрар, за што ќе бидете дополнително известени.

Според  Правилникот, МАРнет ќе го либерализира процесот на регистрирање на домени.

До 31.12.2013 година ќе се бара согласност за регистрација на сличен домен. Од 01.01.2014 година истото се укинува и секој слободен домен ќе може да се регистрира.

Повеќе информации можете да најдете на интернет страницата на МАРнет на marnet.mk

Со почит,
МАРнет

Што значеше правилото сличен домен?

Доменот се состои од два дела и тоа: назив на доменот + наставката. Пример: mkhost.mk (mkhost е називот, додека .mk е наставката за овој домен).

Правилото за сличен домен вели дека ако одреден корисник поседува домен име со одреден назив и одредена наставка, тогаш без негово одобрение, друг корисник ќе нема да може да го регистрира истиот домен со ист назив, но различна наставка која е слободна за регистрација.
Пример ако го имате регистрирано доменот: primer.mk , без ваше одобрение друг корисник ќе нема да може да го нарача доменот primer.com.mk или primer.net.mk и слично.

Ова правило ќе биде во функција до 31.12.2013, кога Марнет ќе го исфрли од важност и од 01.01.2014 ќе може да се регистрираат ваквите т.н. слични домени без дополнителни одобренија.
Правилото беше дефинирано само за Македонските наставки, односно за .mk доменот. Ова правило не важеше за интернационалните наставки како: com / org /net и слично. Кај нив доколку одреден домен е слободен ќе може веднаш да се регистрира.

Поради ослободување на правилото за сличен домен, МКхост направи модификација на својот домен пребарувач, па така од денеска секој слободен домен кој не е регистриран, ќе биде прикажан како слободен за регистрација не земајќи го во предвид правилото за сличен домен. Односно, ако веќе има регистрирано домен на пример со име: domen.mk , а доменот domen.com.mk не е регистриран, кај нас на домен пребарувачот доменот domen.com.mk ќе биде прикажан како слободен и ќе може да си го нарачате.

Имајте во предвид дека регистрацијата за него ќе биде извршена после 01.01.2014. Секако, доколку МКхост забележи дека сте нарачале таков домен, однапред ќе ве извести.Пребарајте и нарачајте си свој Македонски домен со клик овде.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn