Што нуди седмата верзија на php?

Програмскиот јазик PHP ја објави својата 7-ма верзија, што претставува прва поголема објава после 11 години. Тоа е долго време за нова верзија во делот на софтвер дивелопмент, а на истата е работено повеќе од 2 години. Содржи комплетно нов Zend Engine кој е многу побрз, користи многу помалку меморија и има постојана 64-битна поддршка.

Доколку веќе претходно сте го користеле PHP за Вашата веб страница, сигурно веќе сте добро запознаени со PHP верзија 5.3 и PHP верзија 5.4, односно верзијата 5. Па, сигурно голем дел од Вас се прашуваат – што се случи со PHP верзија 6?

Проблеми со развој

PHP 5.0 верзијата беше пуштена во употреба во 2004-та година, а кратко потоа, во средината на 2005-тата година започна развојот на PHP 6 верзијата, која ветуваше дури и премногу. Главната цел беше да се овозможи native Unicode support преку PHP. Ова значеше менување на секој дел од PHP кодот кој би можело да ги содржи не само основните single-bite карактери, туку и multi-bite карактери од други јазици, како на пример нашите кирилични, кинески и арапски букви и симболи.

За жал, оваа цел се покажа како преамбициозна, и после цели 5 години работа, во 2010-тата голем дел од дивелоперите на новата верзија почнаа да ја напуштаат оваа идеја. Сепак, поголем дел на други исто така значајни промени веќе беа финиширани, но најголемата и главна цела на PHP 6.0 верзијата не беше остварена.

Доколку веќе подолго време го користите PHP, сигурно ги имате во предвид големите промени кои се направија при премин од PHP 5.3 кон PHP 5.4. Токму тие се тие финиширани „својства“ ветени за PHP 6.0 верзијата. Затоа, голем дел на корисници/дивелопери сметале дека PHP 5.4 треба да биде PHP 6.0 земајќи ги во предвид промените кои се направени во истата.

Како и да е, со оглед на тоа што главното ветено ново својство на PHP 6.0 верзијата не беше исполнето, а веќе на големо се пишуваше и дебатираше за истата на различни настани и блогови, се постави прашањето – Како ќе се вика новата верзија на PHP?

За да не дојде до забуна, решено е на некој начин да се „прескокне“ верзијата 6.0 и новата верзија да биде PHP 7.0. Оваа верзија официјално беше лансирана во употреба во декември 2015 и со себе донесе огромни промени и предиспозиции – но не и ветеното во PHP 6.0.

Предности на PHP 7.0

Најголемата предиспозиција која PHP 7.0 ја нуди е далеку подобар перформанс и побрза работа на вашата веб страница во однос на претходните верзии на PHP.

PHP 7 има поголем број на оптимизации кои го процесираат PHP кодот и го трансформираат во assemble language, односно јазик кој го разбира вашиот компјутер, и истиот користи многу помалку меморија при целиот тој процес, а тоа прави PHP 7 верзијата да е побрза.

PHP 7 има 100% раст на брзината, а тоа значи дека еден сервер на кој би се хостирале веб страници со PHP 7 верзија би можел да поддржи 2 пати повеќе барања. Со ова, вашиот хостинг пакет со исти перформанси би можел да обработи 2 пати поголем број на барања.

Ова има значење не само во брзината на сајтот, туку и во ресурсите кои ги плаќате за Вашиот хостинг. Доколку порано за обработка на исто толку барања би требало да го надоградите пакетот на поголем пакет со поголеми ресурси и повеќе да плаќате, сега за истата сума со истите ресурси Вашиот хостинг ќе може да обработува до 2 пати повеќе барања.

Подолу можете да ја погледнете табелата каде се споредуваат PHP 5.6 и PHP 7 за веб сајтови изработени во едни од најкористените технологии во однос на обработени барања во секунда. Како што може да видите Вашиот WordPress сајт би можел да обработува 374 барања во секунда само со еден Upgrade на PHP верзијата која ја користите.

Токму затоа немате причина за двоумење, време е за надоградба на Вашиот сајт на PHP 7.0  а со тоа и дуплирање на ресурсите кои ги имате и нивно порационално искористување.