Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

По успешното деби во октомври лани, на ред е да се одржи и второто издание на CareerLaunch, саемот за кариера кој на едно место ги поврзува компаниите со младите во Република Македонија.

Овојпат, организаторите порачуваат – ова ќе биде местото кадешто ќе се најде одговорот на прашањето – „Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш“

Организиран од Summer Work and Travel Alumni Macedonia и Младински Инфо Клуб Скопје, CareerLaunch 2.0 ќе се одвива на 5-ти и 6-ти мај со почеток од 14 часот во Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

72 работни позиции, 23 компании учеснички и 7 работилници ќе бидат достапни за посетителите, што претставува широк спектар на понуда која треба да ги заинтересира студентите, фриленсерите како и работната сила во нашата земја. МКхост е помеѓу компаниите кои по втор пат ќе бидат дел од овој настан.

Целта на овој саем е озозможување на индивидуалците да ја пронајдат својата идеална работа и професија, а од другата страна, пак, компаниите да го унапредат својот тим со квалитетен кадар.

Настанот е бесплатен за сите заинтересирани посетители, а може да се регистрирате на следниот линк. За повеќе информации околу CareerLaunch 2.0 и целосната програма на саемот, повеќе тука.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.