МКхост на Твитер

Да, доколку имате ваш профил, може да го следите МКхост на Твитер. Доколку не, тогаш прочитајте го овој пост и дознајте зошто ние го користиме Твитер и каква придобивка би имале вие со следењето на @MKhost .

МКхост на Твитер

Што е Твитер

За оние кои не се информирани за Твитер, тоа е платформа за микро блогирање каде може да пишувате пораки до 140 карактери.
Твитер би го дефинирале како алатка за комуникација со кратки пораки меѓу нашите пријатели. Сепак, претставува многу повеќе од тоа. Главната работа што лично мене ми се допаѓа е брзото ширење на информации. Доволно е само еден корисник да напише една твитер порака и истата да биде раширена низ целата мрежа за многу брзо време. Голем дел од работите ги дознавам и ги апсорбирам преку Твитер, многу побрзо за разлика од другите медиуми. Најинтересно ми е кога ќе прочитам одредена новост која досега не ја имам сретнато низ другите медиуми, или пак кога ќе прочитам некој совет, интересна мисла, поговорка, па дури и смешка. Од друга страна, како корисник на одреден бренд, сакам да „слушнам“ што имаат тие да кажат, да восприемам нешто корисно што би ми користело во секојдневниот живот.

МКхост својот Твитер го користи воглавно за:

  • Подобрување на брендот и препознатливоста на МКхост
  • Креирање на една социјална заедница која со задоволство би не` следела
  • Дискусија со луѓето кои не следат и нивна едукација во врска со технологиите со кои нашата индустрија е поврзана
  • Информации за наши настани / промоции / известувања
  • Користење како систем за поддршка на моментални или идни клиенти

Какви информации и пораки би добивале од нас доколку не следите?

МКхост на Твитер сака да биде информативен кон своите следачи, да комуницира со нив, да разменуваме мислења на различни теми.

МКхост збор на денот

Секој ден објавуваме објаснување за одредено зборче кое е поврзано со нашата индустрија. Еве пример:

МКхост и Твитер

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Доставуваме корисни информации кои можеби не сте ги воспримиле сеуште. Еве пример:

 

Давање на информации на Твитер

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поставуваме прашања до нашата публика. Секое мислење е добредојдено и доколку сте заинтересирани за темата, задоволство би ни било да разговараме на истата.

МКхост на Твитер

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Следете не` и очекувајте и одредени промотивни кодови за промоции кои ги испраќаме на нашите followers. Ја наградуваме нивната лојалност и доверба во нашите твит пораки.
МКхост започнува и со креирање на наградни игри, па така очекувајте, бурно следете не и освојте некои од наградите кои ќе ги понудиме.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn