МКхост Лого
МКхост - Брзина, Стабилност, Сигурност

Во името на целиот тим на МКхост, дозволете да ви ги честитаме Новогодишните празници и да ви пожелиме, здравје, среќа, љубов, радост, како и голем успех во работата во Новата 2010 година.
МКхост ви пожелува и голем успех во менаџирањето на вашите веб сајтови, зголемување на бројот на посетители, поголема заинтересираност за вашиот сајт, промовирање на вашиот бизнис на Интернет, зголемување на клиентите за бизнис сајтовите, а за останатите голема посетеност и исполнување и задоволство на веб менаџерите како и веб дизајнерите без кои сајтот неможе да опстане ;).

2009-та беше успешна година за МКхост. Ги исполнивме нашите очекувања и планови. На почетокот извршивме ребрендирање кое беше успешно прифатено од нашите сегашни како и потенцијални клиенти. Годината приврши со опслужување со над 1100 клиенти  (компании, веб дизајнери, веб менаџери, образовни институции, портали, државни институции, уметници и пејачи …).
Воведовме неколку нови услуги, го зголемивме бројот на сервери, се проширивме и со сервери лоцирани во Македонија, со што овозможивме избор на корисниците каде да го хостираат сајтот во зависност од нивната цел, како и таргет групата на нивните посетители.
Овозможивме плаќање со кредитни картички како и максимална автоматизација во процесот на нарачките овозможувајќи на клиентите да ја добијат веднаш услугата по автоматизиран пат без чекања и човечки фактор.
Го изработивме единствениот и прецизниот пребарувач на Македонските *.mk домени. Воведовме нови пакети, овозможивме повеќе хостинг простор и трансфер како и многу други дополнителни услуги за нашите клиенти.

2010-та ќе биде предизвик за нас, планираме воведување на нови услуги, проширување на пазарот и во други држави, привлекување на странски клиенти, покажување на нашата професионалност во услугите што ги нудиме, проширување и стартување на многу повеќе сервери во Македонија, вработување на веб дизајнери, програмери, администратори, техничка поддршка како и многу други активности во нашиот бизнис план…

Ви благодариме

Може да ни се придружите на социјалните мрежи Facebook како и Twitter .

http://www.blog.mkhost.com.mk/

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn