Заврши 6-тото издание на Startup Weekend Skopje 2016. 70-тината учесници, заедно со организаторите, менторите и судиите, го направија овој претприемачки настан најмасовен досега.

Одржувајќи се во HUB Skopje, низ само три дена, односно низ 54-те предвидени часови, млади македонски претприемачи, поделени во тимови, се обидуваа да развијат своја бизнис идеа и да се претстават најдобро со истата.

sw1

По макотрпната работа на проектите, финалето секако ги донесе најочекуваните моменти од целиот настан. Помеѓу сите одлични идеи, на ред дојде да се избере и најдобрата.

Победничкиот тим го разви проектот Cabico, кој претставува мобилна апликација којашто означува револуција во такси превозот во Македонија. Обединувајќи ги сите такси компании, оваа апликација ќе го подобри потрошувачкото искуство и услуга преку отворање на нови можности и иновации.

sw2

Им посакуваме многу среќа во имплементација на проектот на победниците и останатите учесници, а на Startup Weekend Skopje – уште многу успешни изданија во иднина.

Погледнете како изгледаше настанот низ видео објектив, преземено од YouTube каналот на Kika Aveiro.

*Фотографиите се преземени од официјалниот Facebook page на Startup Weekend Skopje

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn