Што е IMAP и зошто да го користиме?

Вовед во IMAP

IMAP е креиран во 1986 година, но по сите изгледи одлично се вклопува во модерниот свет на секогаш достапна интернет конекција.
Идејата била корисниците да не мора да се врзани за еден e-mail клиент, со што им се овозможува да ги читаат пораките како да се „во облак“ (cloud). Односно пораките ќе бидат достапни (а со нив и сите промени на истите) на секој уред преку кој би пристапиле до својата e-mail адреса.

imap-introduction

IMAP им овозможува на корисниците да ги зачувуваат своите пораки на сервер. Овој двонасочен протокол исто така им овозможува на корисниците да ги синхронизираат пораките на повеќе уреди, што е особено важно денес бидејќи луѓето имаат најмалку 2 уреди преку кои пристапуваат до својата e-mail адреса (пр. лаптоп и паметен телефон).
Во споредба со POP3, IMAP им овозможува на корисниците да се најават преку повеќе различни уреди и да ги видат истите пораки, бидејќи тие се зачувани на оддалечениот сервер се додека корисникот не ги избрише. Во денешниов свет каде што постојано го проверуваме својот e-mail на различни уреди, IMAP стана многу популарен. Но тоа не значи дека IMAP нема свои недостатоци и проблеми.
Бидејќи IMAP ги зачувува пораките на оддалечен сервер, автоматски ќе имате ограничена големина на сандачето односно би го искористувале хостинг просторот за чување на e-mail пораки, што би зафаќало повеќе простор на серверот. Ако имате огромен број на пораки кои сакате да ги зачувате, може да наидете на проблеми при праќањето и примањето на нови пораки ако просторот на вашиот хостинг пакет е максимално искористен. Некои корисници си прават локални копии на пораките и потоа ги бришат од серверот, за да го избегнат овој проблем.

Како функционира IMAP?

  • се поврзува на серверот
  • ја зема содржината која корисникот ја побарал и ја зачувува локално
  • ги обработува уредувањата на корисникот, на пример ја обележува пораката како прочитана, ја брише и слично (на овој начин се врши синхронизирањето)
  • се исклучува

functionality-of-imap

Функционирањето на IMAP е малку посложено од она на POP3. Во суштина, структурите на папките и пораките се зачувуваат на серверот, а само копиите локално. Обично овие локални копии се зачувуваат привремено, но можете да ги зачувате и трајно.

Практична употреба на IMAP

За луѓето кои користат повеќе компјутери и уреди, како мобилни телефони и таблети, можноста за синхронизирање на поставувањата и пораките е од клучно значење. Кога корисникот ќе ја прочита, избрише или премести пораката, истовремено се случува и на другиот уред, како и на самиот сервер. Бидејќи можете да ги превземете само заглавјата, превземањето на пораките е побрзо. Покрај тоа, доколку направите некои измени додека сте офлајн, тие веднаш ќе се пренесат на серверот кога ќе се воспостави интернет конекцијата. Во суштина, IMAP му овозможува на корисникот да ја архивира пораката на својот компјутер или уред, додека истовремено има резерва на оддалечениот сервер. Бизнис корисниците, особено оние професии кои бараат доверливост, преферираат да го користат IMAP бидејќи овозможува дополнително шифрирање за безбедност на e-mail пораката.
POP требаше да “биде мртов“ т.е. да биде надвор од употреба уште одамна, но многу луѓе се’ уште го користат бидејќи не знаат како да се префрлат на IMAP, или имаат преференци кон овој протокол.

Кои се предностите на IMAP?

Како што споменавме во воведот, IMAP е создаден за да се овозможи пристап од далечина на пораки зачувани на оддалечен сервер. Идејата е да им се овозможи на повеќе клиенти или корисници да управуваат со истото сандаче. Без разлика дали ќе се најавите од вашиот компјутер дома или на работа, секогаш ќе ги видите истите пораки и истата организација на папките бидејќи тие се зачувани на серверот и секоја промена која ја правите на локалната копија веднаш се синхронизира со серверот.

Како резултат на тоа, IMAP ги има следниве предности:

  • пораките се зачувани на оддалечен сервер и се достапни од различни локации секогаш
  • потребна е интернет конекција за да пристапите до вашиот mail
  • побрз преглед на пораките бидејќи се преземаат само заглавјата, се додека корисникот не ја побара целата содржина
  • доколку правилно се раководи серверот, автоматски прави back up
  • кога новата емаил порака ќе ја прочитате на еден уред автоматски е „прочитана“ и на сите останати
  • кога одредена емаил порака ќе ја избришете, автоматски се брише од сервер и од останатите уреди (нема потреба да се брише истата порака и на другите уреди)
  • го заштедува локалниот простор за зачувување
  • има опција за локално зачувување на пораките
  • може да ги организирате емаил пораките по фолдери
  • испратените емаил пораки секогаш ги имате и на другите уреди (не само од клиентот од каде што ја испраќате пораката)

imap-practical

Изберете IMAP ако…

  • сакате да имате пристап до вашиот е-mail од различни уреди и секогаш пораките да ви се синхронизирани без разлика на кој клиент сте најавени и го прегледувате емаилот
  • имате постојана и сигурна интернет конекција
  • сакате да имате брз преглед на пораките на серверот
  • вашиот локален простор за зачувување е ограничен
  • загрижени сте за резервните пораки (back up)
  • сакате да бришете порака и да биде избришана на сите уреди автоматски (вклучувајќи го и серверот)
  • ако прочитате емаил порака на еден уред да биде прочитана и кога ќе ја отворите на останатите уреди поврзани со вашиот емаил
  • сакате испратените пораки да бидат снимени и на другите уреди (не само од уредот од кој што испраќате)

Ако се двоумите, одберете го IMAP. Помодерен е и ви овозможува да бидете флексибилни.

Покрај овие предности на IMAP, тогаш зошто некој би користел POP3?

Иако не се препорачува за оние кои испраќаат пораки од различни уреди, понекогаш е единствената опција која ни ја нуди интернет провајдерот. Покрај тоа, некој може да одбере POP3 поради тоа што сака оргинална копија на секоја порака на секој уред (во зависност од подесувањата на уредот, понекогаш тоа може и да не е возможно).