5 причини зошто е важно твојот бизнис да има веб сајт [ИНФОГРАФИК]

 

Во просек луѓето поминуваат 5,9 часа онлајн дневно, што е за два пати подолго во споредба со претходните години. Денес потрошувачите пред да се решат да купат некаков производ или услуга, истите ги пребаруваат онлајн со цел да соберат повеќе информации и да бидат сигурни во својот избор.

Според последните статистики, ние издвоивме 5 причини поради кои сметаме дека секој бизнис треба да има веб сајт.

Како да заработите од сопственост врз веб сајт?

Над 1,1 милијарди веб сајтови се онлајн во овој момент според Internet Live Stats, а нивниот број расте во секоја секунда. Истите служат на над 2,9 милијарди корисници на Интернет низ светот. Овие бројки само ја потврдуваат огромната експанзија на светската мрежа која во 1991-вата броеше само еден веб сајт (оној на CERN), а за само пред 10 години, во 2005-тата да брои нешто повеќе од 60 милиони креатори на онлајн просторот.

Интернетот несомнено еволуираше во овие 20-тина години: од веб-сајтови наменети за размена на информации и составени само од текст, преку споделување мултимедијални содржини и развивање на концептот за корисничко генерирана содржина, па сè до новите предизвици како што е „Интернет на нештата“.

Значење на веб сајтовите

Од идеја до реализација

Денес, да се отвори веб-сајт на Интернет е веројатно една од наједноставните бизнис опции, посебно за млади претприемачи, но истовремено е проследена со голема динамичност, одговорност и неизвесност. Оваа огромна „џунгла“ можеби делува застрашувачки од конкурентски аспект, но она што е најважно за дигиталната ера е концептот на „вмрежување“, воспоставување партнерства и градење на позитивен фидбек, а не класична конкуренција каква што беше присутна во минатото кај класичните физички бизниси.

За сите бизниси, независно дали нудат физички или чисто дигитални продукти, е неизбежно и пресудно онлајн присуството во денешното окружување. Поседувањето на сопствен веб простор не само што ви овозможува промоција и изложување на брендот пред потенцијални нови корисници, туку и нови бизнис модели и можности за генерирање на приходи.

Најважен пристап кога ќе одлучите дека ви е потребен ваков чекор, е да имате јасна слика за идејата, целта на постоење, како и дефинирани мисија и визија. Добро дефиниран концепт за вашето онлајн присуство ги зголемува и шансите за успешност на истото. Охрабрувачки факт е дека сите резултати кои се постигнуваат на Интернет се следат динамично и во реално време, што овозможува голем простор за експериментирање и минимизирање на грешките.

Типови на веб сајтови

Веб сајтовите можат да бидат дизајнирани за најразлични категории на Интернет корисници и потреби. Генералната е поделба е на статички (само креаторот објавува содржина) и интерактивни (се стреми кон кориснички генерирана содржина).

Подетално, гледано од економски аспект, веб-сајтовите може да се поделат на повеќе групи (според книгата Digital Marketing од 2012-та):

Сајтови за е-трговија и трансакции
Овие веб сајтови овозможуваат електронска продажба, независно дали се работи за физички или дигитални продукти. Цел на овие сајтови (и главниот извор на приход) е продажбата на продуктите.

Сервисно ориентирани сајтови за градење на база на потенцијални клиенти (Lead generation)
Информативни сајтови за продукти кои треба да ја поттикнат физичката продажба, а истовремено градат партнерство со потенцијалните клиенти. Примери се сајтовите на автомобилските компании.

Корпоративен сајт
Сајт кој треба да го обележи просторот на определен бизнис онлајн, и покрај тоа што најчесто не се продаваат продуктите онлајн. Корисни се за поттикнување на свесноста за некој бренд.

Портали / Информативни сајтови
Создавачи и генератори на најразлична содржина и информации. Заедно со социјалните мрежи, имаат и најшироки можности околу изворите на приходи.

Социјални мрежи и форуми
Сајтови кај кои содржината е генерирана само од корисниците, во денешно време едни од највлијателните кога станува збор за креирање на јавното мислење.

Причини зошто треба да се поседува веб-сајт

Погоре наведовме зошто е неопходно во денешно време да се биде присутен на светската мрежа. Еве и неколку подетални причини:

Зголемување на продажбата
Онлајн изложувањето на продуктот нуди поголем досег до потенцијалните потрошувачи.

Додавање вредност на продуктот
Давање на потрошувачите екстра бенефиции онлајн.

Доближување до потрошувачите
Можност за интеракција и комуницирање со потрошувачите и добивање фидбек во реално време.

Намалување на трошоци
Онлајн промоцијата и комуникација е со неспоредливо пониска цена во однос на другите медиуми.

Зајакнување на брендот
Нудење на нови можности за продуктот онлајн и позиционирање и зголемување на довербата кај новата генерација.

Ниски бариери за влез
Релативно е полесно за започнување во однос на другите бизниси.

Достапен е 24/7
Физичките бизниси имаат ограничено работно време, но веб сајтот е тука постојано за потрошувачите.

Овозможување глобалност
Речиси половина од светското население користи Интернет, а веб сајтовите, независно од земјата на потекло, се достапни во рамки на целата планета.

Прецизирана таргетираност
Полесно доаѓање до посакуваната публика на потенцијални потрошувачи со помош на разните алатки и можности на Интернетот.

Професионални е-маил адреси
Брендирање на електронската пошта која остава посериозен впечаток пред онлајн публиката.

Извори на приходи

Еден веб сајт има широк спектар на бизнис модели преку кои може да се финансира. Ова се најкористените:

Претплата
За пристап до информациите на сајтот, корисникот е потребно да се претплати на дневно/месечно/годишно ниво.

Плаќање по преглед (Pay per view)
Претплата за еднократен пристап до определен документ на сајтот.

Дисплеј рекламирање / банери 
Најкористен модел за рекламирање кај порталите, огласувачите закупуваат банер за определена месечна цена или за илјадници прикажувања (Cost per mille – CPM).

Рекламирање на принцип цена по клик (Cost per click – CPC)
За разлика од CPM, кај CPC рекламата не се наплаќа според прикажувања, туку според тоа колку пати истата е кликната.

Спонзорство
Огласувач чија дејност е сродна до содржината на веб-сајтот може да го спонзорира за определен период на време.

Филијален маркетинг (Affiliate marketing)
Кај овој модел, еден сајт рекламира продукти на друг бизнис, при што добива процент од продажбата од секој продаден производ кој е кликнат преку тој сајт.

Користење на базата на податоци
Во согласност со потрошувачите, тие може да добиваат разна промотивна електронска пошта.

Онлајн анкети
Истражувањата на Интернет кај инсталираните бази на корисници е исто така еден од популарните онлајн бизнис модели.

Freemium модели
Кога еден продукт е достапен бесплатно онлајн, но се плаќа неговата премиум верзија.

Зошто е важно бизнисите во Македонија да бидат достапни онлајн?

Секој мора да слушне за бенефитите од онлајн работењето, односно секој треба да влезе во 21-век. Оној што „ќе одбие“ да се врзе онлајн, всушност, ќе изгуби многу. Преку ова, „индиректно влијаеме на ребрендирањето на целата нација. Веќе не може да се каже дека Македонија е само аграрна земја, каде сите работат земјоделство. Не, Македонија е земја и на многу искусни ИТ професионалци, кои својата кариера ја граделе во онлајн просторот“

Во интервјуто за порталот „Точка“, сопственикот на МКхост, Иван Петрушевски се осврна на активностите кои компанијата ги презема за едуцирање на македонската јавност за потребата од онлајн присуство.

Blog2

Само целосно интегрирана Македонија во онлајн просторот може да донесе огромен бенефит за сите. Затоа, водејќи се од оваа премиса, ќе се претставиме и пред нова публика која досега не го знаела нашиот придонес во онлајн светот. Ја преземаме оваа обврска затоа што сме број 1 хостинг компанија и регистрар за домени во Македонија. Во исто време, на овој начин, ќе ја исполниме нашата цел – да бидеме прв избор за корисниците во земјава кога имаат потреба од онлајн присуство.

Blog4

Во оваа насока, наша посебна таргет популација на која сериозно посветуваме внимание се младите. На нив им овозможуваме да просперираат преку Интернет. На овој начин тие комуницираат и функционираат со целиот свет. И без физичко присуство, учат за други култури, работат за клиенти кои не се во Македонија, креираат идеи кои имаат светско влијание, заработуваат одлични плати и размислуваат „out of box“. Затоа инвестираме во унапредување на знаењето на младите, кои со своите идеи и енергија многу придонесуваат во нашиот компаниски развој.

Целосното интервју можете да го прочитате на Точка.

Месец на претприемништво во ФЕИТ

Претприемништвото е еден од најважните аспекти за развој на една економска средина и бизнис климата во неа. Претриемничкото размислување е она коешто ја повлекува економијата од рамнотежа и создава услови за создавање на нови идеи и иновации. Токму затоа, стимулирањето на истото има многу значајна вредност.

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) го посветува месец февруари токму како „Месец на претприемништво“. Содржан преку предавања, работилници и панел дискусии со многу гости од бизнис сферата, целта на настанот е да се поттикне претприемничкиот дух кај студентите и нивната мотивација за претворање на идеите во реалност.

„Месец на претприемништво“ започна овој викенд (13 и 14 февруари) со гости Јован Сталевски (Цефе Македонија), Нина Ангеловска (Grouper), Александар Тасев (SuperFounders), Андријана Богдановска Ѓуровиќ (The Knowledge Center) и Бисерка Коневска (Seavus Incubator), кои го споделија своето искуство и знаење со посетителите.

Овој викенд (20 и 21 февруари) на агендата се сопственикот на МКхост, Иван Петрушевски, косопственикот на компанијата GSIX, Теди Пејовски, како и сопственикот на Brainster, Петар Ниновски.

Настанот ќе се затвори наредниот викенд, на 27 и 28 февруари во просториите на ФЕИТ.

Целосната агенда и повеќе информации за настанот

Онлајн работењето – професионален предуслов за успех на секоја компанија

Разбирањето на потребите на корисниците и константната безрезервна професионална поддршка се клучните фактори што ја оформуваат МКхост низ годините. Во продолжение прочитајте го интервјуто на сопственикот на МКхост, Иван Петрушевски, за порталот Бизнис Инфо.

 

Иван Петрушевски

 

Една деценија успешно менаџирате со компанија за регистрација на домени, хостирање и одржување на веб страници. Можете, накратко, да ни кажете кој бизнис модел Ве доведе до овој успех?

Разбирање на потребите на корисниците и константна безрезервна професионална поддршка се клучните фактори кои ја оформија нашата компанија низ текот на годините. Како што и секоја компанија си има свои вредности, ние се насочивме кон помагање на корисниците во остварување на нивното онлајн присуство и комуникација, со нудење професионална поддршка и брзина во одговор на барањата, како и решавање на нивните проблеми и предизвици во онлајн светот. Доколку овие вредности се применуваат константно низ текот на годините, успехот е неизбежен.

Нашата визија и мисија се насочени кон развој на целокупниот македонски Интернет простор. Во денешно време, секој индивидуалец, како и компанија, може без проблем да си дозволи свое онлајн присуство со сопствен веб сајт, професионални емаил адреси со свое домен име. Меѓутоа, станува збор за една релативно нова информациска ера за која се уште треба да се создава свесност во пошироката јавност. Токму ова е поле на кое сакаме да поработиме врз база на нашите долгорочни планови.

Компанијата ја водам од моја 18 годишна возраст, без претходни претприемачки вештини, но трпеливоста, константното усовршување, професионалното услужување на корисниците и напорната работа се покажа како одличен рецепт за оформување на една успешна компанија. МКхост го разби монополот на пазарот и ги намали цените на хостинг и домен услугите.

 

Правите и ребрендирање на брендот МКХост? Во што се состои овој „рифреш“ и зошто го правите?

По 10 години прогресивна работа, нормален следен чекор е да се фокусираме кон еволуција на нашиот бренд кој е познат и најдобар во својата дејност. Тоа подразбираше да направиме освежување на нашето визуелно претставување во јавноста.

Ова не е само графичко ребрендирање, туку и порака до сегашните и идни клиенти дека МКхост е #1 хостинг компанија и регистрар за домени во Македонија, која секогаш цели кон подобрување на услугите.

Сакаме да прикажеме дека во денешно време процесот на креирање на веб сајт е многу едноставен, а онлајн присуството е неопходно. Со овој ребрендинг, сакаме да се претставиме пред сосема една нова публика, која досега не била доволно запознаена со нашето работење и значење.

 

Целосното интервју можете да го прочитате на Бизнис Инфо.

Историја на македонскиот Интернет

Интернетот денес претставува многу повеќе од систем на компјутерски мрежи кои го поврзуваат целиот свет со цел разменување на податоци и информации. Интернетот денес, освен за неговата првична намена, се претвори во место за едукација и забава, ја олесни комуникацијата во општеството, овозможи формирање на дигитален пазар кој со секоја измината година генерира сѐ поголем број на приходи, односно најкратко кажано, го промени од корен начинот на водење на секојдневниот живот. И населението во нашата држава ги користи бенефициите на глобалната мрежа.

Последните податоци покажуваат дека во Република Македонија пенетрацијата на Интернет корисници е над 60%, а според Програмата за развој на информатичкото општество на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), зацртана е цел над 80% од македонското население да има пристап до широкопојасен Интернет, ставен е фокус на зголемување на онлајн трговијата и стимулирање на електронските бизниси, како и зголемување на електронските јавни услуги и намалување на цените за роаминг.

 

Но, каде е почетокот на Интернет приказната?

 

Во светски рамки, познато е дека Интернетот како што го знаеме денес потекнува од 60-тите години со мрежата на Американското министерство за одбрана (ARPA) – ARPANET, а за официјален почеток се смета создавањето на TCP/IP протоколот за комуницирање на долги растојанија во 1983-та година. Комерцијалната употреба се овозможува со создавањето на сервисот „светска пајажина“ (world wide web – WWW) и започнува со голема експанзија во средината на 90-тите години.

Кога станува збор за историјатот на Интернетот во Македонија, информациите до кои може јавно да се дојде се прилично ограничени и недоволно познати, и покрај тоа што имаат големо значење за јавноста. Пред неколку години, сајтот IT.com.mk направи истражување околу овој проблем.

 

Која е првата македонска веб страница?

 

Според дигиталната интернет архива на Wayback Machine, најстар зачуван веб-простор на македонски јазик е корпоративниот сајт на некогашните „Македонски пошти и телекомуникации“ (МПТ). Токму на овој сајт може да се најдат прилично ретки и интересни информации околу Интернетот во Македонија.

Основа за развојот на Интернетот кај нас, како и на други комуникациски сервиси претставува Македонската јавна мрежа за пренос на податоци со комутација на пакети (МАКПАК), изградена токму од МПТ (претходно позната како ПТТ Македонија) и која овозможувала поврзување на компјутерска и терминалска опрема. МАКПАК бил изграден со мрежниот систем за поврзување DPN-100 на Northern Telecom (Nortel Networks), како и Motorola Codex модемите. Поддржувал повеќе протоколи, како ITU-T, IBM, API и T3 POS. Некои од сервисите кои ги овозможувал вклучувале бази на податоци, виртуелни приватни мрежи, клиент-сервер системи, верификација на кредитни картички, Интернет сервиси и слични, а кои се од големо значење за бизнис клиентите.

Гледајќи ги ефектите во светски рамки како последица на развојот на Интернетот во почетокот на 90-тите, ПТТ Македонија во почетокот на 1995-та одлучила да го преземе чекорот за поврзување на Интернет, со што ги започнала соодветните подготовки. Воспоставувајќи врска со MCI Communications, официјално комерцијалниот Интернет во Македонија преку dial-up пристап започнал на 7-ми декември 1995-та. Околу опремата за поврзување, ПТТ Македонија користела рутери од Cisco Systems, серверска опрема од Digital Equipment Corporation, модеми од Motorola и конверторски уреди од RAD Data Communications.

Timeline на македонската Интернет историја

Интернетот во тој период генерално се користи од македонските јавни и образовни институции, за со комерцијализацијата да се приклучат и првите фирми кои нуделе Интернет услуги, како и поголемите компании. Околу почетокот на новиот милениум, се појавуваат и првите македонски комерцијални портали, со што се создаваат услови за развој на интернет маркетингот и кај нас.

 

Каков е развојот на Интернетот во Македонија во наредните години?

 

Во средината на 2000-тите дотогашниот стандарден dial-up пристап полека почнал да се потиснува со појавувањето на широкопојасниот Интернет и новите можности како DSL или кабелскиот Интернет. Воведот во новите технологии овозможува драстичен пад на цените за широка потрошувачка и се поголема пенетрација во македонските домаќинства.

Се чини дека во денешно време, најголем предизвик на македонскиот Интернет пазар е развој на е-трговијата. Според извештајот на UNICTAD, само 5,4% од населението купува онлајн, додека според сите услови, овој број треба да биде далеку поголем. МИОА го става фокусот на зголемување на е-трговијата на 33%. Оваа област не само што може да влијае на економскиот раст на Македонија, туку во исто време го иницира и претприемништвото, го поттикнува пазарот на понуда и побарувачка и истовремено е од голема корист за населението.

Користење на брендирана емаил адреса

Дали Вашата емаил адреса е сеуште: ime+datumnaraganje@gmail.com? Или е можеби нешто покреативно и возбудливо како svetotemoj@hotmail.com, или пак е pece88sk@rocketmail.com? Можеби е во ред ваквите адреси да ги разменувате со Вашите пријатели, но никако не би смееле да ги дадете на некои од Вашите клиенти.
Во светот на бизнисот, најпрепорачливо е да имате своја сопствена, брендирана емаил адреса и соодветно таков веб сајт, кои ќе го претстават Вашиот бизнис во најдобро светло. Време е да почнете да користите адреса од типот vashetoime@vashatakompanija.com.mk а во продолжение видете и зошто.

brand email

 

 

 

 

 

 

Споредете ги следните две емаил адреси dance4life3@yahoo.com наспроти tmarkovska@trinity-wellness.com! Која прикажува слика на професионален бизнис? Се што е поврзано со Вашиот бизнис, а го прикажувате јавно, треба да Ве претстави во најдобро светло. Се, до најмалиот детал. Сигурно посветувате внимание за да се осигурате дека го оставате вистинскиот впечаток кога клиентите ќе го погледнат Вашиот веб сајт. Но не сите доаѓаат да го посетат пред да Ве исконтактираат на маил. A кога Вашиот маил ќе биде испратен од името на Вашиот домен, тоа секако придонесува да им се потврди на клиентите дека сериозно работите на професионалноста на Вашиот бизнис. Тоа пак овозможува полесно да ја придобиете довербата на клиентите.

Поседувањето на сопствен домен како што е www.vashatakompanija.com.mk , остава професионален впечаток и Ви дозволува да креирате емаил адреси од типот abc@vashatakompanija.com.mk, info@vashatakompanija.com.mk . Ќе можете да креирате цела палета на различни емаил адреси за различни оддели или вработени. Штом поседувате домен, никогаш повеќе нема да морате да ги променувате емаил адресите. Воедно адресите како vashetoime@vashiotdomen.com.mk се многу поедноставни за паметење, за разлика од нешто кое сте го смислиле во последна минута затоа што сите добри кориснички имиња на Yahoo/Google/Hotmail биле веќе резервирани.

Поседувањето на сопствен домен и соодветна емаил адреса ја зголемуваат свеста кај луѓето за Вашиот бренд, компанија.

Доколку со Вашата емаил адреса го промовирате Gmail, тоа е слично како да носите Nike симбол на Вашиот лабораториски мантил, што автоматски Ве прави подвижна реклама за нечиј друг бизнис. Покрај тоа, многу подобро звучи и изгледа info@trinitywellnes.com.mk за разлика од trinity-wellnes@gmail.com . Маркетингот е одлична работа, која може да Ве издвои од толпата, само треба да го правите на вистинскиот начин.

Со самото регистрирање на домен и хостинг услуга (која е потребна за физичко постоење на емаил сандачињата; на следниот линк може да го изберете соодветниот пакет), МКхост како компанија нуди можност да се направат професионални емаил адреси.

  • Таквите адреси имаат пристап до Webmail, како и до POP3/IMAP и SMTP маил сервери кои само ја олеснуваат работата со електронската пошта.
  • Неизбежен дел кој мора да се спомене е можноста за backup на емаил пораки од серверска страна, како би се осигурале дека нема да изгубите ниту една вредна информација.
  • За непречено работење тука се дополнителните филтри, анти-спам заштитата како и просторно ограничување на емаил сандачето.
  • Автоматскиот одговарач и праќањето на OoO (Out of Office) пораки, се одлични за периодот кога сте на одмор или имате премногу зафатен период.
  • Исто така, доколку сакате на едно место да ги добивате пораките од повеќе емаил адреси, користењето на препраќачи на пораки (mail forwarders) е вистинското решение за Вас.
  • Oвие и уште многу други услуги може да ги користите затоа што доаѓаат во пакет со доменот кој ќе го регистрирате.

Затоа не чекајте! Направете си услуга самите на себе со тоа што ќе го унапредите сопствениот бизнис. Провери достапност на .mk домен.

Како да изберете најдобро домен име за вашата компанија

Избор на име за домен е сличен со изборот на име за компанија – бара многу мислење и разгледување. Вашето домен име е Вашиот идентитет на интернет; сигурно би сакале да бидете сигурни дека го бирате името кое не само што одговара на Вашиот бизнис, но исто така е лесно да се најде и да се промовира на интернет.

Многумина претпоставуваат дека првиот чекор за започнување на свој веб-сајт е дизајнот, но изборот на име за домен е подеднакво важно – всушност, можеби е најтешкиот дел од процесот при креирање веб-сајт. Ако ги земете предвид тешкотиите при пренесување на веб-сајтови во нови URL адреси – да не ги спомнуваме потенцијалните SEO (Search Engine Optimization) загуби кои би можеле да настанат со тоа – јасно е дека треба да се работи на избор на името уште од самиот почеток.

izbor-domen-nastavki

Деновиве сè потешко и потешко е да се најде домен име кое е лесно за паметење, е специфично и е слободно. Што би правеле кога домен името што го сакате е во сопственост на некој друг? Би можеле да се обидете да го купите од сопственикот ако тоа е толку важно за Вас. Но најчесто тоа испаѓа скапо.

Повеќето мали и средни бизнис сајтови (оние во топ 10 во SERPs) постигнуваат пласман во топ 10 ранг-листите со користење на брендирани клучни зборови. Ова е уште една од причините зошто е важно Вашето домен име да се поклопува со Вашиот бренд.

Во прилог следуваат неколку совети како да го изберете Вашето домен име.

  1. Нека биде лесно за пишување

Наоѓање на домен име што е лесно за пишување е од клучно значење за онлајн успех. Ако користите жаргон или зборови со повеќе значења, тоа може да им отежни на купувачите да се снајдат на Вашиот сајт.

  1. Нека биде кратко

Ако Вашето домен име е долго и сложено ризикувате клиентите да погрешат во пишување. Кратко и едноставно е одговорот.

  1. Користете клучни зборови

Обидете се со користење на клучни зборови кои го опишуваат Вашиот бизнис и услугите што ги нудите. Вклучете ги оние клучни зборови кои што луѓето при пребарување на производи или услуги од тој тип, би ги внеле. Тоа ќе Ви помогне да се подобри вашиот ранг во пребарувањето (со што се зголемува сообраќајот).

  1. Нека биде лесно за помнење

Сетете се дека word-of-mouth се потпира на леснотијата со која еден домен може да му падне на памет на потенцијалниот клиент. Вие не сакате да бидете компанијата со страшниот веб-сајт на чие домен име никој не може да се сети, и баш од истата причина да не бидете споделени со нечии пријатели.

  1. Избегнете кршење на авторските права

Ова е грешка што не сеправи премногу често, но може да убие голем домен и една голема компанија ако се случи. За да бидете сигурни дека не кршите нечии авторски права со името на Вашиот сајт, посетете го copyright.gov и пребарувајте пред да го купите доменот.

  1. Избегнете цртички и броеви

Користење цртички и броеви отежнуваат при вербално кажување на домен името и при паметење од страна на потенцијалните клиенти. Наша сугестија е да не користите спеделување на броеви или римски броеви, бидејќи и двете може да бидат збунувачки и измешани едно со друго.

  1. Пребарајте

Бидете сигурни дека името што го избрале не е заштитна марка, заштитено со нечии авторски права или се користи од страна на друга компанија. Тоа би можело да резултира со огромни правни проблеми кои што пак може да ве чинат мало богатство.

  1. Користете соодветни домен екстензии

Екстензии се суфикси, како што се .COM, .MK, .NET, итн. што стојат на крајот на веб адресите. Постојат многу различни екстензии. Тие имаат специфични намени, така да бидете сигурни дека сте одбраиле соодветна екстензија за Вашиот бизнис. Не треба да правите веб-сајт за секоја екстензија посебно. Само пренасочете ги сите дополнителни домени (со други екстензии) кон вашиот примарен домен. Ако вашата компанија е од Македонија, препорачливо е да закупите домен со .mk екстензија. Направете проверка дали саканиот домен е слободен веднаш.

  1. Заштитете се и изградете го Вашиот бренд

За да се ​​заштитите како бренд, треба да купите различни и повеќе домен екстензии, како и неправилните верзии од Вашето домен име. Ова ги спречува конкурентите да регистрираат други верзии и Ви гарантира дека Вашите клиенти се насочени кон Вашиот сајт, дури и ако погрешно го напишат домен името при пребарувањете.Заштитете се и изградете го Вашиот бренд

  1. Дејствувајте брзо

Домен имињата се продаваат брзо. За среќа, тие се исто така и евтини, па Ви советуваме да ги регистрирате Вашите омилени домен имиња што е можно поскоро.

Се укинува правилото за сличен домен

На 10.12.2013, Марнет испрати известување по емаил дека од 01.01.2014 правилото за сличен домен ќе биде отфрлено:

Почитувани,

Од 01.10.2013 година стапи на сила нов Правилник за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен.

Усогласувањето на регистрираните домени со новиот Правилник започнува со воведувањето  на првиот регистрар, за што ќе бидете дополнително известени.

Според  Правилникот, МАРнет ќе го либерализира процесот на регистрирање на домени.

До 31.12.2013 година ќе се бара согласност за регистрација на сличен домен. Од 01.01.2014 година истото се укинува и секој слободен домен ќе може да се регистрира.

Повеќе информации можете да најдете на интернет страницата на МАРнет на marnet.mk

Со почит,
МАРнет

Што значеше правилото сличен домен?

Доменот се состои од два дела и тоа: назив на доменот + наставката. Пример: mkhost.mk (mkhost е називот, додека .mk е наставката за овој домен).

Правилото за сличен домен вели дека ако одреден корисник поседува домен име со одреден назив и одредена наставка, тогаш без негово одобрение, друг корисник ќе нема да може да го регистрира истиот домен со ист назив, но различна наставка која е слободна за регистрација.
Пример ако го имате регистрирано доменот: primer.mk , без ваше одобрение друг корисник ќе нема да може да го нарача доменот primer.com.mk или primer.net.mk и слично.

Ова правило ќе биде во функција до 31.12.2013, кога Марнет ќе го исфрли од важност и од 01.01.2014 ќе може да се регистрираат ваквите т.н. слични домени без дополнителни одобренија.
Правилото беше дефинирано само за Македонските наставки, односно за .mk доменот. Ова правило не важеше за интернационалните наставки како: com / org /net и слично. Кај нив доколку одреден домен е слободен ќе може веднаш да се регистрира.

Поради ослободување на правилото за сличен домен, МКхост направи модификација на својот домен пребарувач, па така од денеска секој слободен домен кој не е регистриран, ќе биде прикажан како слободен за регистрација не земајќи го во предвид правилото за сличен домен. Односно, ако веќе има регистрирано домен на пример со име: domen.mk , а доменот domen.com.mk не е регистриран, кај нас на домен пребарувачот доменот domen.com.mk ќе биде прикажан како слободен и ќе може да си го нарачате.

Имајте во предвид дека регистрацијата за него ќе биде извршена после 01.01.2014. Секако, доколку МКхост забележи дека сте нарачале таков домен, однапред ќе ве извести.Пребарајте и нарачајте си свој Македонски домен со клик овде.

Што значи новата либерализација на .мк доменот

Овој текст е кратко објаснување и една анализа на тоа што би значела либерализацијата на .мк доменот, какви промени ќе се случат и колку крајните корисници ќе бидат задоволни од промените што ги најави Министерството за информатичко општество и администрација, како и самата институција одговорна за управување со .мк доменот – МАРНЕТ.
МКхост - Регистрација на домени во Македонија
Доколку немате време да го читате целиот текст, сумарно, најглавната промена која може да се увиди од оваа либерализација на Марнет е следново:
Либерализација на .мк доменот значи отварање на повеќе „пунктови“ на компании – соработници на Марнет, каде корисниците наместо да одат само во Марнет – Скопје, ќе можат штампаните барања и документи, потребни да се регистрира .мк домен, да ги доставуваат до новите пунктови по нивен избор по цена дефинирана од компанијата соработник на Марнет.
 

Што изјави министерот за Информатика во врска со либерализација на .мк доменот во медиумите пред неколку месеци

Пред неколку месеци, министерот за Информатичко општество и администрација Иво Ивановски даде изјава и објасни малку повеќе во врска со либерализацијата. Следниот цитат е превземен од порталот Фактор, а линкот каде се наоѓа целата вест е следен ( http://faktor.mk/archives/68554 ).

Според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, со тој проект сите граѓани ќе можат да регистрират уште една услуга по електронски пат, без посета на шалтери, пополнување формулари и нивно испраќање до МАРнет, како и да почнат свој бизнис многу побргу од постоечките процедури.

– Еден од проектите што ги вети Владата е електронско регистрирање домени и поддомени на мк, со цел да се овозможи од кое било место да може електронски  да се достават, да се плати електронски и нивниот домен електронски да биде регистриран во кој било период од денот, изјави денеска министерот Ивановски.

Тој ги повика сите компании кои се заинтересирани да станат регистрари за да можат да нудат услуги за граѓаните за регистрирање домени да се обратат до МИОА и МАРнет од понеделник.

– Ќе имаат период  од еден месец технички да ги подготват своите системи за да можат од 1 октомври сите институции, организации и компании од приватниот сектор што ќе искажат интерс да се поврзат со овој систем и да ги препродаваат на некој начин домените во име на МАРнет да може да почнат да функционираат, појасни  Ивановски.

Она што го изјавил министерот јасно вели дека сите граѓани ќе можат да регистрираат .мк домен по електронски пат, без посета на шалтери (новите пуннктови што погоре ги споменав), без пополнување на формулари. Тој исто вели дека со овој проект на либерализацијата на .мк доменот ќе може од било кое место електронски да се плати и регистрира .мк домен во било кое време од денот. Сето ова е одлично, овој начин на регистрација на .мк домени би ги направил крајните корисници најсреќни, но новиот правилник кој Марнет го донесе не го вели истото.
Според член 16 од правилникот на Марнет се вели:
Регистрација на домени врши МАРнет.
Правото да вршат регистрација на домени МАРнет може да го пренесе и на трети лица во својство на регистрари, со кои ќе биде склучен договор.
Барање за регистрација на д
омен регистрантот поднесува кај регистрар по негов слободен избор.
Барањето се поднесува на образец објавен на интернет страницата на МАРнет, а кој содржи:
податоци за регистрантот, податоци за доменот, податоци за контактите, имињата на именските опслужувачи на кои е поставен доменот како и потпис на подносителот.
Кога барањето се поднесува по електронски пат тогаш се потпишува со електронски потпис согласно прописите за електронски потпис.
Marnet Logo
Марнет Лого
Новиот правилник на Марнет вели дека корисникот ќе мора да пополни барање, да стави потпис на него и да се достави до Марнет или до новите „пунктови“ – фирми соработници со кои Марнет ќе направи договор. Единствено, работата електронски ќе може да се заврши доколку корисникот поседува електронски потпис. Исто така, физичките лица кои ќе вршат регистрација на домени ќе мораат лично да ги носат документите до фирмите соработници  кои ќе можат да регистрираат домени или во Марнет. Корисниците кои лично ќе ги носат документите ќе мора и да се идентификуваат преку документ за лична идентификација (лична карта, пасош и слично).

 

Како беше до сега

За оние кои не се информирани за ситуацијата која беше активна до сега (и која сеуште е активна – до моментот на потпишување на првата партнер фирма на Марнет) за тоа како се одвиваше процесот за регистрација на еден .мк домен, ќе дадеме кратко објаснување.
За регистрација на .мк домен беа потребни ( и сеуште ќе бидат потребни ) документите:
  •     Барање за регистрација пополнето во електронска форма и испечатено
  •     Правни лица: копија од Тековна состојба од Централен регистар
  •     Физички лица: Документите се доставуваат лично
  •     Копија од уплатница
И сите документи се доставуваа лично само во Марнет – Скопје.
Втор начин, за оние кои не сакаа да одат низ оваа процедура со документи, беше да најдат фирма која ќе посредува меѓу Марнет и нив (крајните корисници на доменот). Како на пример нашата хостинг компанија – МКхост која регистрираше домени по барање на крајните наши корисници, се со цел тие да ги избегнат процедурите со Марнет. Повеќето хостинг компании и други посреднички фирми го правеа истото и регистрираа домени за крајните корисници, затоа што беа „уходани“ во целата оваа процедура и затоа што за нив беше јасен и познат целиот концепт и имаа повеќе регистрации во одреден период.
Периодот за регистрација на доменот со текот на годините се убрза, благодарејќи на новиот тим на Марнет и ажурноста која ја воведоа, но сепак, регистрација за време на викенд и во доцните временски часови не беше можна и нема да биде можна и со новата либерализација. Единствено, со новата либерализација, ова би било возможно доколку некоја од партнер фирмите на Марнет отвори свој пункт кој би бил достапен физички 24/7/365 каде корисниците кои сакаат да купат домен ќе го посетат лично со спремната документација.

Што ново воведе Марнет

Марнет направи либерализација на .мк доменот, со што овозможи на компании да се пријават и да вршат регистрација на .мк домени. Ова е најголемата промена за која зборуваме во овој блог пост. Ова значи дека било која компанија може да се пријави и да врши регистрација на .мк домени, односно да добие статус регистрар. Секако, претходно треба да исполнува одредени барања, да креира сопствен систем каде ќе се чуваат сите податоци за корисниците и да се прилагоди на тестирањата на новиот систем за регистрација на домени. Новата компанија која ќе добие статус регистрар од страна на Марнет, ќе ја врши истата функција која ја вршеше до сега Марнет, односно ќе прима барања од корисници за регистрација на домени, ќе дава поддршка на корисниците кои закупиле домен од кај нив, ќе ги известува корисниците за истек на домените, ќе води евиденција за плаќање, евиденција за секој вид на промени во досието на доменот и сите останати услуги кои Марнет ги вршеше до сега.
Функцијата на Марнет ќе остане иста и корисниците ќе можат и понатаму да ги регистрираат домените во Марнет, но со оваа промена Марнет овозможува на корисниците да изберат каде ќе го однесат своето барање и каде ќе го регистрираат својот домен. Идејата е да се креираат повеќе „пунктови“ на фирми – соработници на Марнет каде ќе ги примаат и обработуваат барањата на крајните корисници кои ќе сакаат да регистрираат .мк домен.
На овој начин, корисниците кои не се од Скопје ќе можат да ги носат барањата и во други градови (каде ќе се појават новите фирми – регистрари). Сепак она што ќе остане исто и непроменето е што ќе мора повторно да се штампаат и носат барања со потпис и печат, како и лично за физичките лица.
Интересно е што секој регистрар ќе ги продава .мк домените по своја однапред дефинирана цена, така што корисниците ќе може да бираат каде највеќе им одговара и таму да го регистрираат доменот. За она што ќе добијат корисниците со ова ќе зборуваме подолу во постот.
Марнет воведе нов изменет правилник со повеќе дефинирани промени и поправки на одредени работи кои не беа целосно дефинирани со стариот правилник.
Го отстранија правилото со кое доколку поседувавте ист назив на доменот со една наставка, без ваше одобрение друг не може да регистрира ист назив на домен со друга слободна наставка. На пример доколку компанијата А го поседуваме доменот: primer.mk, вие како компанија Б ќе нема да може да го регистрирате доменот primer.com.mk без претходно одобрение од компанијата А која го поседува primer.mk. ( Ова правило ќе биде укинато официјално започнувајќи од 01.01.2014 ).
Го решија проблемот со „заглавените“ домени кои беа регистрирани пред 2003-та година. Така да во рок од неколку месеци, доколку крајните корисници не ги обноват овие домени, истите ќе бидат избришани и достапни за било кого. Со стариот правилник овие домени беа заштитени на некој начин и немаа точно дефиниран период на истек, со што и доколку одреден домен не беше во функција и неговиот сопственик повеќе не постоеше истите беа сеуште активни.

Што добиваат крајните корисници со либерализацијата на .мк доменот

  • Крајните корисници ќе можат да бираат каде ќе ги регистрираат своите домени (ќе постојат повеќе институции како Марнет, каде ќе можат да се доставуваат барањата за регистрација) – значи ќе имаат избор. Оние корисници кои не живеат во Скопје ќе можат да ги носат барањата и во други градови каде што Марнет ќе има свои партнер фирми (регистрари)
  • Корисниците ќе можат да бираат и во однос на цена и квалитет на поддршка кај новите регистрари. Цената за регистрација на .мк домените ќе варира од регистрар до регистрар, но нема да биде поевтина од моменталната.
  • Доколку одреден корисник не е задоволен од моменталниот регистрар, лесно ќе може да се префрли кај друг регистрар
  • Во зависност од регистрарите, корисниците ќе можат да вршат online промена на ДНС серверите за доменот во било кое време

Фирмите што посредуваа кои ќе земат лиценца од Марнет за регистрација на .мк домени ќе нема да може повеќе да посредуваат домени за крајните корисници

Со новата либерализација ќе се лимитираат регистрарите (компаниите кои ќе добијат лиценца од Марнет за раководење со .мк доменот) да не може да регистрираат повеќе од 30 домени во својство на регистрант, односно Марнет сака да го отстрани посредувањето на одредена компанија во улога на регистрант да регистрира домени во нејзино име за крајни корисници.
Па така, оние корисници кои не сакаа да се „замараат“ со документациите сега ќе мора да го прават тоа, затоа што фирмите кои посредуваа за нив и кои ќе добијат лиценца за регистрација ќе нема да можат да го регистрираат доменот во сопственост на самата компанија регистрар.

Зошто Марнет не се одлучи да го ослободи .мк доменот да може било кој online без документи да регистрира домен?

Најверојатно, главната причина поради која Марнет не го ослободи .мк доменот целосно, е контролата врз сопственоста на домените, односно Марнет сака да знае во секое време кој е правилниот сопственик на доменот, однапред докажан преку барање со потпис и печат (ако е компанија) и потпис, лично присуство и идентификација со документ доколку е физичко лице.
Ако овие барања и документи се отстранат, тогаш Марнет „се плаши“ дека ќе настане хаос во .мк доменот и ќе немаат целосна контрола врз тоа кој точно е правилниот сопственик на одреден регистриран домен, односно крајните корисници би можеле да ставаат невалидни и неточни информации при регистрација на доменот.
За потсетување, на пример интернационалните генерички домени (.com .net и слично) може да се регистрираат без документи и лични идентификации и потписи, односно online преку овластени регистрари кои само бараат електронски внес на вашите податоци.

Дали ви се допаѓа новата либерализација на Марнет ( Анкета ):

[yop_poll id=”2″]
– Ми се допаѓа како што беше до сега ( регистрација на домени само во Марнет (Скопје), лично со барања и документи ) или регистрација на доменот преку фирма посредник за мојот домен (пример МКХОСТ ДООЕЛ да го регистрира мојот сакан домен и да ми го даде да го користам без да морам јас да носам документи и барања)
– Ми се допаѓа либерализацијата ( пак ќе мора документи, но сега ќе имам избор каде да ги носам барањата и документите (во Марнет – Скопје, во Скопје кај други регистрари кои ќе добијат лиценца или ако сум од друг град и ако во мојот град има регистрар кој добил лиценца) , но ќе нема да може фирмата регистрант да ми биде повеќе посредник на домените – сега и тие што не сакаа да се „замараат“ со барања и документи ќе мора да го прават тоа ако сакаат .мк домен)
– Сакам да можам online без лично доставување на документи да регистрирам .мк домен