Што нуди седмата верзија на php?

Програмскиот јазик PHP ја објави својата 7-ма верзија, што претставува прва поголема објава после 11 години. Тоа е долго време за нова верзија во делот на софтвер дивелопмент, а на истата е работено повеќе од 2 години. Содржи комплетно нов Zend Engine кој е многу побрз, користи многу помалку меморија и има постојана 64-битна поддршка.

Доколку веќе претходно сте го користеле PHP за Вашата веб страница, сигурно веќе сте добро запознаени со PHP верзија 5.3 и PHP верзија 5.4, односно верзијата 5. Па, сигурно голем дел од Вас се прашуваат – што се случи со PHP верзија 6?

Проблеми со развој

PHP 5.0 верзијата беше пуштена во употреба во 2004-та година, а кратко потоа, во средината на 2005-тата година започна развојот на PHP 6 верзијата, која ветуваше дури и премногу. Главната цел беше да се овозможи native Unicode support преку PHP. Ова значеше менување на секој дел од PHP кодот кој би можело да ги содржи не само основните single-bite карактери, туку и multi-bite карактери од други јазици, како на пример нашите кирилични, кинески и арапски букви и симболи.

За жал, оваа цел се покажа како преамбициозна, и после цели 5 години работа, во 2010-тата голем дел од дивелоперите на новата верзија почнаа да ја напуштаат оваа идеја. Сепак, поголем дел на други исто така значајни промени веќе беа финиширани, но најголемата и главна цела на PHP 6.0 верзијата не беше остварена.

Доколку веќе подолго време го користите PHP, сигурно ги имате во предвид големите промени кои се направија при премин од PHP 5.3 кон PHP 5.4. Токму тие се тие финиширани „својства“ ветени за PHP 6.0 верзијата. Затоа, голем дел на корисници/дивелопери сметале дека PHP 5.4 треба да биде PHP 6.0 земајќи ги во предвид промените кои се направени во истата.

Како и да е, со оглед на тоа што главното ветено ново својство на PHP 6.0 верзијата не беше исполнето, а веќе на големо се пишуваше и дебатираше за истата на различни настани и блогови, се постави прашањето – Како ќе се вика новата верзија на PHP?

За да не дојде до забуна, решено е на некој начин да се „прескокне“ верзијата 6.0 и новата верзија да биде PHP 7.0. Оваа верзија официјално беше лансирана во употреба во декември 2015 и со себе донесе огромни промени и предиспозиции – но не и ветеното во PHP 6.0.

Предности на PHP 7.0

Најголемата предиспозиција која PHP 7.0 ја нуди е далеку подобар перформанс и побрза работа на вашата веб страница во однос на претходните верзии на PHP.

PHP 7 има поголем број на оптимизации кои го процесираат PHP кодот и го трансформираат во assemble language, односно јазик кој го разбира вашиот компјутер, и истиот користи многу помалку меморија при целиот тој процес, а тоа прави PHP 7 верзијата да е побрза.

PHP 7 има 100% раст на брзината, а тоа значи дека еден сервер на кој би се хостирале веб страници со PHP 7 верзија би можел да поддржи 2 пати повеќе барања. Со ова, вашиот хостинг пакет со исти перформанси би можел да обработи 2 пати поголем број на барања.

Ова има значење не само во брзината на сајтот, туку и во ресурсите кои ги плаќате за Вашиот хостинг. Доколку порано за обработка на исто толку барања би требало да го надоградите пакетот на поголем пакет со поголеми ресурси и повеќе да плаќате, сега за истата сума со истите ресурси Вашиот хостинг ќе може да обработува до 2 пати повеќе барања.

Подолу можете да ја погледнете табелата каде се споредуваат PHP 5.6 и PHP 7 за веб сајтови изработени во едни од најкористените технологии во однос на обработени барања во секунда. Како што може да видите Вашиот WordPress сајт би можел да обработува 374 барања во секунда само со еден Upgrade на PHP верзијата која ја користите.

Токму затоа немате причина за двоумење, време е за надоградба на Вашиот сајт на PHP 7.0  а со тоа и дуплирање на ресурсите кои ги имате и нивно порационално искористување.

Tech.O – Настан кој ја поврзува бизнис и IT сферата

Оваа среда, 8-ми февруари, во Valoso Hub во Скопје беше одржан првиот Tech.O. Настанот има за цел да ги собира на едно место влијателните бизнис и IT лидери, како и претприемачи, старт ап сопственици и инвеститори.

Со концептот на споделување на стории од македонската бизнис сцена и вмрежување помеѓу сите учесници на коктел забава, Tech.O овозможи повеќе од 2 часа квалитетна дискусија и размена на идеи.

Настанот го отворија основачот на Valoso Hub, Боби Лин, како и еден од основачите на CEFE Macedonia, Зоран Витанов.

Со свои презентации се претставија Јован Маџовски од CEED Macedonia, кој зборуваше околу старт ап бизнисите и инвеститорите, потоа Нина Ангеловска од Grouper, со препораки за 7 тактики со кои секој бизнис може да успее. За крај, Игор Стаматовски од iborn обрна внимание на „Интернетот на нештата“ и нивната имплементација во современото ИКТ општество.

Амбицијата на организаторите е ова да прерасне во настан кој ќе се одржува неколку пати годишно. МКхост беше исто така помеѓу поддржувачите на првиот Tech.O.

Како да продадете повеќе преку вашиот веб сајт?

Дизајнот на веб сајтовите постојано еволуира со новите технологии кои стануваат достапни, а со тоа и начинот на кој истите се презентираат на Интернет корисниците.

Кои се техниките и иновациите кои ќе преовладуваат во наредниот период кој претстои? Како може преку дизајнерски решенија да обезбедите поголема конверзија, односно продажба со вашиот веб сајт?

Демографски респонзивен дизајн

Кога ќе се спомне зборот „респонзивно“, обично се мисли на мобилно респонзивен дизајн за веб сајт. Сепак, дали сте знаеле дека луѓе од различни возрасти, различно реагираат на она што им се пласира преку Интернет.

Со метадатата која станува сè подостапна, така и податоците за корисниците кои го посетуваат нашиот веб сајт стануваат посовршени.

Правење на диференцирани дизајни за различни возрасни групи, кои вклучуваат различен тип на содржина, бои и целокупна естетика, во наредниот период ќе има голема улога во успешноста обичните посети да се претворат во конверзии.

Скелетен дизајн

Многу е важно правилно да се дозира содржината која се пласира на определена страница од вашиот веб сајт. Еден од клучните елементи е, страницата да се прикаже доволно брзо.

Еден од новите трендови е прикажување на страниците во прогресивна насока, односно од едноставно кон сложено, кога корисникот управува со навигацијата.

Ваквиот начин на дизајн има голема улога во намалување на bounce rates на еден веб сајт.

Shopping cart маркетинг

Вкупната нарачка веќе не завршува кога корисникот веќе е во фаза на купување на одреден производ од вашиот веб сајт.

Дури и во фазата кога корисникот ги внесува своите податоци, може да му инсертирате „последна шанса“ и да генерирате уште повеќе приходи.

Принципот на врзани произоди, попусти на втор купен производ, како и други стратегии стануваат сè поефективни во виртуелниот shopping cart.

Растот на landing pages

Специјализираните промотивни страни (landing pages) ќе добијат уште поголема вредност. Може да се каже дека концептот на класична насловна страница (homepage) е во фаза на изумирање. Истите ќе имаат сè помало влијание при конвертирањето на корисниците во потрошувачи.

Специјализираните страни се изработени специфично за определена таргет публика, со определена содржина и порака, и влијаат на одреден број на корисници кои со голема сигурност би направиле одредена нарачка за некој производ.

Никогаш полесно до сопствен веб сајт!

Нова понуда од МКхост – Единствен целосен пакет со вклучена база од 10+ веб темплејти, веб хостинг и бесплатен домен! Само со 3 едноставни чекори, стартувај го својот сопствен веб сајт за само неколку минути! Погледни го MKhost Premium и започни веднаш!

 

Онлајн маркетинг трендови за 2017-та

Оваа година е пред самиот крај, и беше повторно одбележана од голем прогрес во рамки на Интернетот и онлајн маркетингот. Развојот на видео содржините и контент маркетингот беше помеѓу главните теми за кои сите маркетери зборуваа во текот на изминативе 12 месеци.

Е-бизнис трендови во 2016-та

Што е она што не очекува во наредната година? Експертите во ова поле сугерираат на неколку големи поместувања.

Виртуелна реалност

Подемот на Pokemon Go во текот на летните месеци ја подигна свесноста за значајноста на виртуелната реалност (augmented reality) во иднината на онлајн поврзувањето. Иако по енормниот врв кој го доживеа играта (заработувајќи по 10 милијарди долари на ден), сега фамата во најголем дел е спласната, овој експеримент би требало да влијае многу врз онлајн маркетингот во претстојната година. Ја чекаме следната ваква апликација која ќе има подолготраен потенцијал отколку Pokemon Go.

Лајв стриминг

Освен тоа што стандардниот видео маркетингот беше еден од најголемите трендови во 2016-та, во последните месеци огромен замав зема лајв стримингот. Она што се обидува Periscope, а сега и Facebook Live да го направи со приближување на светските настани поблиску до секој обичен граѓанин, е можност секој да стане репортер, известувач и пренесувач од секоја можна точка на планетата. Оваа опција почнува „на големо“ да биде користена и од големите брендови, кои најдоа уште еден начин како да го позиционираат својот продукт онлајн.

 

Визуелизација на податоци

Инфографиците, како начин на визуелно прикажување на определен сет на информации, веќе со години циркулираат како едни од најзначајните фактометри за определен бренд. Сега квантитавното и статистичко прикажување исто така зазема голем залет, и се смета дека токму визуелното прикажување на податоци (преку мапи, чартови, дијаграми и слично) ќе биде значајно за еден бренд да остане конкурентен на онлајн пазарот.

Ниш стратегии

Сегментирањето на публиката и нејзино таргетирање со специфични продукти не е ништо ново. Но, фактот што социјалните мрежи уште се развиваат и сè повеќе ги разбираат своите корисници со своето однесување, значи дека можноста за промоција и допирање токму онаму каде што е потребно, станува сè поусовршено. Затоа и можноста за развој на ниш стратегиите и позиционирање на специфични продукти ќе се развива и во иднина. Ова произлегува и од заситеноста на корисниците од рекламите за производи за масовна потрошувачка.

Нова верзија на cPanel – Кои се новостите?

Контролниот панел cPanel ја објави својата 58-ма верзија (v58). Linux-базираната алатка која го олеснува процесот на менаџирање со веб хостинг, а постои на светскиот пазар веќе 20 години, продолжува со надополнувања и подобрувања кои се од голема помош за сопствениците на веб сајтови. Меѓу нив секако и корисниците на МКхост.

Новата верзија на cPanel носи неколку новости од голема корист. Според реакциите на корисниците, AutoSSL, EasyApache 4 и новата опција за addon домени се помеѓу омилените функции.

AutoSSL

По три и пол години планирање, cPanel го лансира AutoSSL, алатка која овозможува автоматска инсталација и обнова на SSL сертификати, кои ги чуваат безбедни чувстителните податоци од серверот. Наскоро очекувајте повеќе податоци за оваа опција и нејзината имплементација за корисниците на МКхост.

EasyApache 4

EasyApache 3 се заменува со EasyApache 4, откако претходната верзија служеше речиси цела деценија на корисниците. Главните проблеми со старата верзија се посочени кон долгото време за додавање PHP или Apache модул, како и проблеми со одржување поради големиот код од кој била составена третата верзија.

Новата верзија има поусовршена и побрза кастомизација, и дозволува користење на повеќе верзии на PHP. Корисниците сепак ќе можат да изберат дали сакаат да ја користат новата, или претходната верзија на EasyApache во cPanel v58.

Addon домени

Ако досега преку контролниот панел, покрај 1 домен, беше овозможено да се направат и повеќе addon домени, cPanel v58 овозможува овие дополнителни домени да се пренесат на нов, засебен хостинг и со тоа исто така да станат носечки домени.

Оваа опција е особено од големо значење ако два профила се поголеми на еден ист контролен панел, едниот може да се префрли засебно. Со тоа корисникот ќе добие поадекватно користење на ресурсите, како и поголема безбедност.

 

 

cPanel не застанува тука. Веќе се работи на v60 верзијата, која помеѓу другото, ќе вклучува и зајакната PHP-FMP поддршка, суб-акаунти во User Manager, како и понатамошно проширување на SSL пазарот.

МКхост продолжува и понатаму да ги иплементира најновите софтверски решенија, со цел задоволување на потребите на корисниците.

Нова услуга од МКхост – SpamExperts за намалување на спам емаил пораки

МКхост воведува уште една новина за корисниците – целосно го интегриравме SpamExperts системот за хостинг клиентите кои користат емаил услуги.

Соочувајќи се со еден од најголемите проблеми поврзани со Интернетот и електронската пошта – спамирањето, постојано се прават напори во светски рамки за што подобро справување и решавање на непосакуваните емаил пораки кои можат да доведат до проблеми во секојдневното онлајн функционирање.

SpamExperts е систем кој е интегриран кај најпознатите светски хостинг компании, а отсега како нова бесплатна услуга ја воведува и МКхост токму поради заштита од примање и доставување на spam и malware емаил пораки. Преку SpamExperts се постигнуваат две значајни цели:

-Намалување на spam пораки кои пристигнуваат на емаил адресите
-Ризикот за black listed IP адреси се сведува на минимум

Спам филтер системот е наменет за Ваша заштита и поголема заштита на Вашите емаил адреси, како и појдовни/дојдовни емаил пораки. Користејќи го SpamExperts, ќе ја сведете на минимум „junk“ поштата, а истовремено ќе имате целосна контрола врз системот и да го научите да се прилагоди на Вашите потреби.

Ние направивме детални инструкции за Вас кои можете да ги погледнете во нашата база на знаење и да ги осознаете основните функционалности (преглед на сите пораки, декларирање на спам порака, преглед на сите спам пораки, како и други можности).

IMG_8986

 

SpamExperts е компанија со седиште во Холандија, лансирана во 2005-та година, а моментално нејзините услуги се користат во над 80 земји, со што претставува водечки провајдер кој обезбедува сигурност на емаил комуникација.

Со SpamExperts, продолжуваме професионално и навремено да се грижиме за нашите корисници, како и овозможуваме емаил комуникација на едно ново и побезбедно ниво.

Доколку имате некои прашања околу новата услуга на МКхост, ве очекуваме да нè контактирате.

Како функционира доменот?

Денес се чини дека сè е достапно на Интернет – пристапот до најразлични содржини е лесен како никогаш досега, додека распространетоста дозволува да бидеме закачени онлајн од било кое место. А сепак, сè започнува со внесување на домен име.

Сепак, колку што е лесно за нас, толку доменот во позадина претставува еден сложен технолошки процес. Барањето информација која може да се наоѓа било каде е импресивно, но истото не е ништо различно од она што го правиме во секојдневниот живот. Како што за да испратиме физичка порака, или да се сретнеме со нашите пријатели, треба да се повикаме (отидеме) на определена адреса, така и кога нашиот компјутер (client – кој има своја адреса) ќе повика определен друг компјуер (server – кој исто така има своја адреса) доаѓаме до определена информација.

Секој веб-сајт кој функционира преку World Wide Web има специјална адреса, или URL (Uniform Resource Locator). Тој е составен од три елементи: протокол (HTTP – стандардизиран метод за трансфер на податоци преку WWW), име на сајт или домен (на пример mkhost.com.mk), како и назнака за вид на документ (.html, .php, итн).

Интересно е дека, иако во минатото сите веб-сајтови беа промовирани со www како нивен почеток, реалноста е дека тоа истиот нема ништо поважна улога од sub domain, и не мора воопшто ни да се користи.

Но, познато е дека компјутерите комуницираат со бројки, па истите не ни комуницираат со URL адреси. Секој уред конектиран онлајн има сопствена IP адреса со која комуницира со сите останати уреди. Кога ние внесуваме веб-сајт, како mkhost.com.mk, нашиот компјутер праќа барање до DNS (Domain Name System) кој претставува интермедијар и ја поврзува IP адресата со името на домен. Замислете како би изгледало доколку би требало да памтиме и запишуваме најразлични цифри за да пристапиме до определен веб-сајт, како што тоа во минатото го правевме со телефонските броеви?

Затоа, домен имињата добиваат на сè поголема вредност – едноставните и лесно запамтливи ги има во помал и помал број. Токму поради овој факт многу е важно да се бараат нови и креативни начини за имиња и екстензии.

Започнува Codefest 2016 во Охрид

Од денес, 15-ти април, во наредните три дена во Охрид ќе се одржи Codefest 2016. Настанот е поделен во три дела: 32-часовен маратон во кодирање (Codefest Marathon), саем на компании (CFX – Business Expo) и еднодневна технолошка конференција (Codeference).

Со цел да ја приближи технолошката заедница, Codefest е од настан со особено значење за студентите во оваа област, фриленсери, стартап основачи, програмери, менаџери, како и претставниците на технолошките компании.

На еднодневната конференција, која се одржува за првпат, ќе се претстават 20-тина спикери и панелисти од различни компании од Република Македонија и од светот, кои ќе ги споделат своите приказни за успех во технолошката заедница.

МКхост оваа година е еден од соработниците на Codefest. Повеќе информации за настанот погледнете на официјалниот веб-сајт.

Историја на македонскиот Интернет

Интернетот денес претставува многу повеќе од систем на компјутерски мрежи кои го поврзуваат целиот свет со цел разменување на податоци и информации. Интернетот денес, освен за неговата првична намена, се претвори во место за едукација и забава, ја олесни комуникацијата во општеството, овозможи формирање на дигитален пазар кој со секоја измината година генерира сѐ поголем број на приходи, односно најкратко кажано, го промени од корен начинот на водење на секојдневниот живот. И населението во нашата држава ги користи бенефициите на глобалната мрежа.

Последните податоци покажуваат дека во Република Македонија пенетрацијата на Интернет корисници е над 60%, а според Програмата за развој на информатичкото општество на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), зацртана е цел над 80% од македонското население да има пристап до широкопојасен Интернет, ставен е фокус на зголемување на онлајн трговијата и стимулирање на електронските бизниси, како и зголемување на електронските јавни услуги и намалување на цените за роаминг.

 

Но, каде е почетокот на Интернет приказната?

 

Во светски рамки, познато е дека Интернетот како што го знаеме денес потекнува од 60-тите години со мрежата на Американското министерство за одбрана (ARPA) – ARPANET, а за официјален почеток се смета создавањето на TCP/IP протоколот за комуницирање на долги растојанија во 1983-та година. Комерцијалната употреба се овозможува со создавањето на сервисот „светска пајажина“ (world wide web – WWW) и започнува со голема експанзија во средината на 90-тите години.

Кога станува збор за историјатот на Интернетот во Македонија, информациите до кои може јавно да се дојде се прилично ограничени и недоволно познати, и покрај тоа што имаат големо значење за јавноста. Пред неколку години, сајтот IT.com.mk направи истражување околу овој проблем.

 

Која е првата македонска веб страница?

 

Според дигиталната интернет архива на Wayback Machine, најстар зачуван веб-простор на македонски јазик е корпоративниот сајт на некогашните „Македонски пошти и телекомуникации“ (МПТ). Токму на овој сајт може да се најдат прилично ретки и интересни информации околу Интернетот во Македонија.

Основа за развојот на Интернетот кај нас, како и на други комуникациски сервиси претставува Македонската јавна мрежа за пренос на податоци со комутација на пакети (МАКПАК), изградена токму од МПТ (претходно позната како ПТТ Македонија) и која овозможувала поврзување на компјутерска и терминалска опрема. МАКПАК бил изграден со мрежниот систем за поврзување DPN-100 на Northern Telecom (Nortel Networks), како и Motorola Codex модемите. Поддржувал повеќе протоколи, како ITU-T, IBM, API и T3 POS. Некои од сервисите кои ги овозможувал вклучувале бази на податоци, виртуелни приватни мрежи, клиент-сервер системи, верификација на кредитни картички, Интернет сервиси и слични, а кои се од големо значење за бизнис клиентите.

Гледајќи ги ефектите во светски рамки како последица на развојот на Интернетот во почетокот на 90-тите, ПТТ Македонија во почетокот на 1995-та одлучила да го преземе чекорот за поврзување на Интернет, со што ги започнала соодветните подготовки. Воспоставувајќи врска со MCI Communications, официјално комерцијалниот Интернет во Македонија преку dial-up пристап започнал на 7-ми декември 1995-та. Околу опремата за поврзување, ПТТ Македонија користела рутери од Cisco Systems, серверска опрема од Digital Equipment Corporation, модеми од Motorola и конверторски уреди од RAD Data Communications.

Timeline на македонската Интернет историја

Интернетот во тој период генерално се користи од македонските јавни и образовни институции, за со комерцијализацијата да се приклучат и првите фирми кои нуделе Интернет услуги, како и поголемите компании. Околу почетокот на новиот милениум, се појавуваат и првите македонски комерцијални портали, со што се создаваат услови за развој на интернет маркетингот и кај нас.

 

Каков е развојот на Интернетот во Македонија во наредните години?

 

Во средината на 2000-тите дотогашниот стандарден dial-up пристап полека почнал да се потиснува со појавувањето на широкопојасниот Интернет и новите можности како DSL или кабелскиот Интернет. Воведот во новите технологии овозможува драстичен пад на цените за широка потрошувачка и се поголема пенетрација во македонските домаќинства.

Се чини дека во денешно време, најголем предизвик на македонскиот Интернет пазар е развој на е-трговијата. Според извештајот на UNICTAD, само 5,4% од населението купува онлајн, додека според сите услови, овој број треба да биде далеку поголем. МИОА го става фокусот на зголемување на е-трговијата на 33%. Оваа област не само што може да влијае на економскиот раст на Македонија, туку во исто време го иницира и претприемништвото, го поттикнува пазарот на понуда и побарувачка и истовремено е од голема корист за населението.

Мобилна верзија на мојата веб страница – Дали и зошто ми е потребна

Поседување своја веб-страница веќе од поодамна беше неопходно за сите бизнис сопственици, почнувајќи од сопственици на обичен мал бизнис, до сопственици на огромни корпорации. Првин, веб-страница претставуваше дополнителна реклама за вашиот бизнис и место каде што ги поставувавте сите основни податоци за истиот, за да денес прерасне во примарен и еден од највлијателните начини за рекламирање. Како што во минатиот период беше тренд креирањето и постоењето на ваша веб-страница, така денес имањето и креирањето на мобилна верзија на вашата веб-страница е нов тренд потребен за секој бизнис за истиот да биде компетитивен на пазарот.

Факт е дека персоналните компјутери остануваат во минатото. Па, се поставува прашањето, што ги заменува овие машини без кои пред само неколку години не можевме да го замислиме нашето постоење. Дали можеби со доаѓањето на сè помоќните едноставни и лесно преносливи мобилни уреди какви што се паметните телефони, IPADS, Kindles, таблети итн., персоналните компјутери сè повеќе и повеќе се потиснуваат? Доколку го имаме предвид фактот дека денес сите имаат свој мобилен уред, почнувајќи од деца, па сè до возрасни луѓе во поодминати години, како и тоа дека повеќе од 70% од тие мобилни уреди се паметни телефони, како и фактот дека повеќе од 40% од Интернет сообраќајот доаѓа од мобилни уреди, па сè до фактот дека 1/3 од веб-страниците веќе имаат мобилна верзија на својата веб-страница, одговор на претходното прашање е да, мобилните уреди се сериозна конкуренција на персоналните компјутери.

Токму затоа, доколку и вие со вашиот мал и/или голем бизнис сакате да бидете во тек со трендовите, но и да бидете конкурентни на пазарот, треба сериозно да размислите за креирање на мобилна верзија на вашата веб-страница како додаток на вашата desktop веб-страница.

Пред популарноста на таканаречените паметни телефони, ние сè уште можевме да се приклучиме на Интернет преку нашите „не толку паметни“ телефони и да сурфаме. Сепак, таквото искуство беше лошо поради малата брзина и многу побавниот трансфер на податоци, проблем со „сиромашниот“ прелистувач кој единствено беше достапен, а на крај и фактот дека повеќе (над 90%) од веб-страниците не беа оптимизирани за сурфање преку мобилен телефон. Во тие денови, оптимизација на веб-страницата на мобилен уред значеше значително намалување на големината на сликите на веб-страницата, користење на CSS базиран распоред (layouts), за разлика од tables базиран распоред. Едноставно речено, се правеше сè за да се намали големината на потребните податоци кои требаше да се симнат (dowload) кога некој ја отвора вашата веб-страница.

css

  1. Наместо слики, користете што е можно повеќе CSS. Користењето на премногу слики ќе го забави отворањето на вашата веб-страница. CSS податокот е далеку помал од слика.

  2. Користете fluid layout. Ова го препорачуваме од едноставна причина што сите паметни телефони користат различна резолуција. Со користење на fluid layout, веб-страницата може да се намали/зголеми за онолку колку што е потребно за да изгледа онака како што треба.

  3. Користете поголем фонт кој би бил лесно видлив и читлив на малиот екран на паметните телефони.

  4. Користете графички копчиња наместо текстуални линкови, затоа што истите се многу полесни за одбирање. (touch).

  5. Користете HTML5 и/или Javascript/jQuery и сл.

  6. Овозможете едноставна навигација со помалку опции која ќе биде прифатлива (user friendly), едноставна и лесна за употреба од страна на корисникот.

Веќе разбравме што е тоа мобилна верзија на вашата веб-страница и како нештата природно доведоа до нејзино сè поголемо присуство. Па, се поставува прашањето, зошто ми е потребна мобилна верзија на мојата веб-страница. Одговорите се очигледни, а за нив зборуваат фактите:

Сè поголем број од корисниците се мобилни корисници

Повеќе од 3/4 од населението во Македонија користи паметен телефон, а тој број сè повеќе се зголемува. Во наредните неколку години сè повеќе корисници ќе го користат својот мобилен уред отколку својот персонален компјутер или MAC. Па доколку вашите корисници пребаруваат и купуваат преку Интернет, тогаш и вашиот бизнис мора да се придружи на мобилната револуција и да се прилагоди на новиот тренд.

Мобилниот е местото каде што се случува акцијата. Луѓето го носат својот мобилен телефон насекаде и скоро секогаш. Гугл (Google) направи едно истражување коешто покажува дека повеќе од 80% од корисниците на мобилни телефони ги користат своите уреди за пребарување на локални бизниси и повеќе од 3/4 од нив или се јавуваат или ги посетуваат тие мали бизниси дента кога ги пребарувале. Кога луѓето се спремни да преземат одредена акција или пак се заинтересирани за одреден бизнис/купување, тогаш тие ги користат своите мобилни телефони за пребарување кое во голема мера влијае врз нивната одлука. Врз нивната одлука најмногу ќе влијае нивното искуство при пребарувањето на вашата веб-страница. Токму затоа, вашиот бизнис треба да е токму таму каде што е акцијата, а сето тоа е сè повеќе мобилно.

sadmobile

Имањето мобилна верзија на вашата веб-страница ве прави поконкурентни на пазарот

Повеќе од 50% од корисниците на паметни мобилни телефони велат дека многу потешко би соработувале на какво било ниво со компанија која претходно презентирала лошо искуство при пребарувањето на нивната страница преку мобилен уред, а сепак 75% од малите бизниси сè уште немаат мобилна верзија на својата веб-страница.

67% од мобилните корисници кажале дека многу полесно и побрзо ќе одлучат да купат каков било производ/сервис од дадена веб-страница доколку таа е оптимизирана за мобилен телефон. Па, шансите за зголемување на вашиот профит и за напредување пред конкуренцијата се поголеми доколку уште веднаш започнете со планирање на вашата веб-страница.

Корисниците најмногу ја проверуваат вашата веб-страница преку нивните мобилни телефони

Три четвртини од корисниците на паметни телефони прават одлуки околу купување/бизнис врз база на истражувања направени преку нивните мобилни уреди. Токму затоа е многу поважно од кога било да имате мобилна верзија на вашата веб-страница која нуди богати и доволни информации околу вашиот бизнис. Во друг случај сте невидливи за корисниците на мобилни телефони.

shoppingmobile

Мобилниот телефон оди во насока кон начин на кој корисниците во иднина брзо и лесно би нарачувале и купувале

Засега мал дел од корисниците го користат својот мобилен телефон за купување. Ова е случај кај нас, меѓутоа во Америка, само минатата година, корисниците потрошиле преку 20.7 билиони долари купувајќи преку нивниот мобилен телефон. Се предвидува дека овој број сè повеќе и повеќе ќе расте во наредните 5 години, а трендот сè побрзо се приближува и навлегува и кај нас. Притоа, битно е да се напомене дека во просек луѓето кои купуваат онлајн повеќе купуваат преку своите мобилни уреди отколку преку своите персонални компјутери. Токму затоа, не дозволувајте вашата конкуренција да ги украде тие важни потенцијални корисници.

Мобилната верзија на вашата веб-страница ќе носи нови корисници за вашиот бизнис, а со самото тоа и зголемен профит

mkhostincreaseprofit

Доколку се рекламирате на кој било медиум, неопходно е да имате мобилна верзија на вашата веб-страница. Истражувањата на Гугл покажуваат дека корисниците на мобилни телефони кои преку друг медиум ќе видат податоци за одреден бизнис за којшто се заинтересирани, веднаш ги пребаруваат податоците и на Интернет преку својот мобилен телефон. Првиот впечаток е најважен, па токму затоа, не пропуштајте да направите одличен впечаток за вашите потенцијални корисници и оптимизирајте ја вашата веб-страница за мобилни уреди.