Kако до твојот прв блог во 2019

Блогот за кратко време стана еден од најпопуларните алатки за ширење  на новости и информации.

Блог може да биде твое место каде што ќе ги искажеш твоите мисли и да ја споделиш твојата порака со другите.

Еве неколку чекори како можеш да го направиш тоа:

  1. Треба да одбереш платформа каде што ќе го поставиш твојот блог. Најкористена, со дури 82 милиони активни корисници и најлесна платформа за употреба е WordPress. Кои предности ги има WordPress и како може да го инсталираш со еден клик, прочитај тука.
  2.  Откако ќе го направиш твојот сајт со WordPress (или друга платформа по твој избор), следно што треба да направиш е да одбереш свој домен и хост.
  • Домен – тоа е всушност URL-то од твојот сајт. Пример, домен на МКхост е mkhost.com.mk.Доколку веќе имаш идеја за свој домен, кликни да провериш дали истиот е слободен 👉  домени.
  • Хостинг – за твојот сајт да биде прикачен на интернет и за да може сите да го видат, треба да одбереш соодветен хостинг пакет. Сите содржини кои што понатаму ќе ги објавуваш, со помош на хостингот кој што работи како еден вид hard drive, ќе ти бидат зачувани.

Откако твојот блог е подготвен да оди онлајн, можеш да започнеш со пишување на твојата приказна.

Со повеќе од 4 милиони блог постови дневно, треба да направиш твојот блог да се разликува од другите и да биде уникатен со цел да привлече повеќе читатели.

Најчесто првите објави на блогерите се постови во кои:

  • се претставуваат себеси
  • објаснуваат зошто почнале со пишување
  • за кои читатели ќе бидат наменети текстовите
  • за кои теми ќе пишуваат

На почетокот, кога сѐ уште си нов на оваа поле, ќе треба да посветиш доста време истражувајќи за содржината што сакаш да ја споделиш за да бидеш сигурен дека е квалитетна и дека читателите ќе ја отворат и прочитаат.

Истовремено пробај и да не се оптоваруваш толку. Ќе имаш многу можности во месеците кои што следат, откако ќе го објавиш твојот прв пост, постепено да ги запознаваш  читателите со твоите идеи.

Како и со многу други работи, со тек на времето ќе бидеш се поуспешен и поуспешен. Колку повеќе пишуваш, толку повеќе ќе се усовршуваш.

Ништо не е невозможно. Сè што е потребно е напорна работа и многу трпение и твоите читатели ќе ја препознаат твојата искрености и отвореност за пишување.

Земи длабоко воздух и започни со твојата авантура!

Како до сопствен веб сајт преку WordPress брзо и едноставно?

Неколкупати до сега сме пишувале за големината на WordPress како најпопуларен content management system во светот. Од најпосетуваните 1 милион веб сајтови во светот, 26.4% го користеле токму WordPress во април 2016. Препознатлив по големиот избор на теми и плагини, како и со едноставноста на неговиот интерфејс, оваа платформа ја позиционира својата конкурентска предност пред други опции, како што се Drupal и Joomla.

WordPress, Joomla и Drupal се трите најкористени CMS. Иако конкуренти, овие три системи имаат повеќе сличности, отколку разлики, благодарение на стандардизацијата што ја наметнува информациската ера.

Повеќе околу сличностите и разликите на најголемите три open source системи за менаџирање, можете да прочитате во статијата „Која платформа да ја изберам за мојот веб сајт?“.

Веб сајт или блог?

Еден од главните „предрасуди“ околу WordPress е дека претставува платформа која е претежно наменета за изработка на блогови.

Тука се поставува прашањето – што е разликата помеѓу веб сајт и блог?

Веројатно првата дефиниција која би се наметнала за тоа „што е блог“, е дека истиот претставува хронолошко подредување на статии од лична природа и споделување на сопствени размислувања.

Од друга страна, веб сајт претставува сè она што може да се изгради преку HTML/CSS, Javascript или слично. Веб сајт може да постои поради повеќе причини, на пример: корпоративен сајт кој ќе ги отсликува генералните мисија, визија и портфолио на една компанија е-бизнис сајт кој ќе врши продажба преку Интернет, или пак онлајн веб портал за статии и информации од најразличен карактер.

 

WordPress – повеќе од блог платформа

Иако WordPress е поим во сферата на блогерството, не е точно дека оваа платформа е наменета само за блогови. Доколку сакате да отворите блог преку WordPress, тоа можете да го сторите на wordpress.com бесплатно.

Доколку сакате да отворите веб сајт по сите стандарди, тоа исто така може да го сторите со WordPress, кој истовремено е и комплетен open source систем за менаџирање на содржина. Истиот може да подржи веб сајтови од било кој тип, независно дали за обичен портал, е-бизнис, или корпоративно претставување.

Со други зборови, WordPress може целосно да го поддржи вашиот бизнис онлајн.

 

Видео туторијал: Како да направам веб сајт преку WordPress?

Иако до неодамна целокупниот информатички свет, како и правењето на веб сајтови делуваше далечна работа која ја разбираат само определен број на луѓе, денес ситуацијата е комплетно различна.

YouTube1

Со малку обука, дури и оние кои немаат доволно познавање од програмирање и кодирање, може да направат свој веб сајт и да го претстават својот бизнис, хоби, или интереси пред целиот свет.

МКхост направи серијал на македонски јазик со кој преку 8 видеа може да научите како самостојно може да започнете да правите веб сајт.

За да го добиете видео серијалот бесплатно, регистрирајте се ТУКА.

 

Други статии кои може да ве интересираат за WordPress

Избор на бесплатни теми за WordPress

Корисни плагини за WordPress