ДНС хостинг – нова бесплатна услуга

DNS Хостинг

Во светот на деловното работење, Вашето име на домен е првата буква од интернет работењето и препознавањето на вашиот бизнис, поддржан со низа сервиси (Web страни, е-маил адреси, FTP простор).

Целокупната палета од сервиси кои ја отсликуваат вашата професионалност, ефикасност и претставителност на компанијата е достапна само со постоење на еден систем – DNS систем.

Сите корисници кои имаат регистрирано домен име во МКХост (и сите нови кои ќе регистрираат),  од денес имаат можност за тотално управување и менаџирање на DNS зоните преку новата бесплатна услуга – ДНС хостинг.

Што значи ДНС хостинг?

ДНС е акронимот за domain name servers и се однесува на серверите кои потврдуваат каде вашиот домен се наоѓа, односно која е неговата „интернет локација“. Именските опслужувачи (ДНС сервери) се еден вид на “рутери“ кои ги поврзуваат посетителите со вашето домен име и од таму ги насочуваат до вашиот веб сајт, емаил адресите и другите сервиси.

Придобивки

Комплетна контрола на вашата DNS зона

Преку веб интерфејс од корисничкиот профил на МКхост ќе може да управувате со сите записи за вашата ДНС зона, како: А, АААА, MX, CNAME, NS, TXT, SRV. Ќе може да додавате, бришете и менувате дополнителни записи од ДНС зоната. Ќе може со еден клик да конфигурирате и користење на MX записите од Google. Доколку згрешите, може лесно да ја ре-креирате целата зона.

Вашите посетители со сигурност ќе го пронајдат вашето web присуство

Дали се работи за вашиот web сајт или eмаил комуникација, бидете сигурни дека вашите сервиси ќе бидат препознатливи  99.9% од времето со сигурност.

Високо време на одзив

Независно од географската локацијата во светот каде еден корисник ја внесува web адресата на Вашата компанија, системот е географски распределен на 2 континенти, каде што барањето ќе биде насочено до најблискиот DNS сервер, и одговор во најбрзо можно време до корисникот.

Брзи, стабилни и оптимизирани системи

Поставени на интернет линкови со загарантирана брзина, инфраструктура која функционира на ултра-брзи сервери, внимателно оптимизирани во секој детал, DNS хостинг системот е изграден за 24/7/365 оперативно работење.

Backup и безбедносни заштити

Како и кај нашите веб сервери, МКхост се погрижи и ДНС системот да биде целосно зачувуван на backup сервери, со што вашите ДНС зони ќе бидат секогаш на безбедно место и под постојат backup. Дополнително, ДНС серверите кои се оделени на посебни физички локации се заштитени и со софтверски firewall, така што безбедноста на истите е доведена на високо ниво.

 

Кога е пожелно да се користи ДНС хостинг услугата?

  • Хостирање на вашиот веб сајт на локален сервер, при што е потребно брзо да подесите A-record за да доменот биде жив уште веднаш.
  • Сакате да користите само емаил сервис, не ви е потребно хостирање на доменот во даден момент. Тогаш со услугата ДНС хостинг ги подесувате само MX записите и веќе може да си користите емаил сервис со вашиот домен.
  • Хостирање на вашиот веб сајт на сервер каде што нема активно ДНС систем, при што го насочувате доменот со A-record кон дадениот сервер кој ќе ги опслужува http повиците.
  • Подесување на вашиот домен на одреден сервис, како Worpdress, Cloud сервиси, каде што треба да поставите A-record, CNAME records за да доменот работи на овие cloud сервиси.
  • Кога имате потреба од редундантност на ДНС серверите. Кога ви е потребно да нема застој во сервисите иако би дошло до пад на ДНС системот. Нашиот ДНС систем е распределен на повеќе физички одделни машини на повеќе континенти. Со ова ќе бидете сигурни дека ќе имате секогаш редундантност и вашите сервиси секогаш ќе се достапни.
  • Кога имате веб сајт кој има многу посети и посетите доаѓаат од различни континенти. Со услугата ДНС хостинг вашите посетители ќе добиваат брз ДНС одговор за тоа каде се хостира веб страната, а со тоа ќе добиете и побрзо отварање на истата.

 

Како да ја активирате услугата?

 Подесување на DNS сервери

За активација на услугата потребно е да ги подесите NS серверите за вашиот домен закупен во MKХост. ДНС серверите треба да бидат:

dns1.mk-host.mk

dns2.mk-host.mk

Како да го направите тоа?

Најава на корисничкиот профил –  https://mkhost.com.mk/clients/

Најава во МКхост област за клиенти

 

Внесете го вашето корисничко име и лозинка

МКхост најава

Кликнете на Активни домени

Активни домени МКхост корисничка зона

 

Овде ќе ви бидат излистани сите домени кои ги имате. Од десна страна кликнете Управувај со доменот. Или можете директно Управувај со доменот -> Управување со именски опслужувачи. Овде ќе провериме дали ДНС серверите за доменот се правилно подесени пред да ја користиме ДНС хостинг услугата.

ДНС сервери подесување

 

Управување со ДНС хостинг услугата и креирање на ДНС зона
Сега, откако проверивме и успешно ги подесивме главните ДНС сервери за доменот, може да почнеме со користење на ДНС хостинг услугата.

Од менито изберете: ДНС Хостинг

ДНС Хостинг

Со влез на линкот за ДНС хостинг, системот ќе провери дали веќе постои ДНС зона за избраниот домен. Доколку не постои, ќе ве праша дали сакате да креирате нова ДНС зона. Вие треба да потврдите со клик на копчето, Да, Креирај.

Креирај ДНС Зона

И конечно, зоната е креирана. Сега останува на вас да ги провеерите записите и да ги измените по ваша желба. Овде ќе може да додадете нови записи, да избришете или измените веќе постоечки записи.

ДНС записи

Додавање на нов запис:

Додавање нов запис

 

Повелете направете нарачка на вашиот нов домен и искористете ја услугата ДНС хостинг бесплатно.

 

Како да изберете најдобро домен име за вашата компанија

Избор на име за домен е сличен со изборот на име за компанија – бара многу мислење и разгледување. Вашето домен име е Вашиот идентитет на интернет; сигурно би сакале да бидете сигурни дека го бирате името кое не само што одговара на Вашиот бизнис, но исто така е лесно да се најде и да се промовира на интернет.

Многумина претпоставуваат дека првиот чекор за започнување на свој веб-сајт е дизајнот, но изборот на име за домен е подеднакво важно – всушност, можеби е најтешкиот дел од процесот при креирање веб-сајт. Ако ги земете предвид тешкотиите при пренесување на веб-сајтови во нови URL адреси – да не ги спомнуваме потенцијалните SEO (Search Engine Optimization) загуби кои би можеле да настанат со тоа – јасно е дека треба да се работи на избор на името уште од самиот почеток.

izbor-domen-nastavki

Деновиве сè потешко и потешко е да се најде домен име кое е лесно за паметење, е специфично и е слободно. Што би правеле кога домен името што го сакате е во сопственост на некој друг? Би можеле да се обидете да го купите од сопственикот ако тоа е толку важно за Вас. Но најчесто тоа испаѓа скапо.

Повеќето мали и средни бизнис сајтови (оние во топ 10 во SERPs) постигнуваат пласман во топ 10 ранг-листите со користење на брендирани клучни зборови. Ова е уште една од причините зошто е важно Вашето домен име да се поклопува со Вашиот бренд.

Во прилог следуваат неколку совети како да го изберете Вашето домен име.

  1. Нека биде лесно за пишување

Наоѓање на домен име што е лесно за пишување е од клучно значење за онлајн успех. Ако користите жаргон или зборови со повеќе значења, тоа може да им отежни на купувачите да се снајдат на Вашиот сајт.

  1. Нека биде кратко

Ако Вашето домен име е долго и сложено ризикувате клиентите да погрешат во пишување. Кратко и едноставно е одговорот.

  1. Користете клучни зборови

Обидете се со користење на клучни зборови кои го опишуваат Вашиот бизнис и услугите што ги нудите. Вклучете ги оние клучни зборови кои што луѓето при пребарување на производи или услуги од тој тип, би ги внеле. Тоа ќе Ви помогне да се подобри вашиот ранг во пребарувањето (со што се зголемува сообраќајот).

  1. Нека биде лесно за помнење

Сетете се дека word-of-mouth се потпира на леснотијата со која еден домен може да му падне на памет на потенцијалниот клиент. Вие не сакате да бидете компанијата со страшниот веб-сајт на чие домен име никој не може да се сети, и баш од истата причина да не бидете споделени со нечии пријатели.

  1. Избегнете кршење на авторските права

Ова е грешка што не сеправи премногу често, но може да убие голем домен и една голема компанија ако се случи. За да бидете сигурни дека не кршите нечии авторски права со името на Вашиот сајт, посетете го copyright.gov и пребарувајте пред да го купите доменот.

  1. Избегнете цртички и броеви

Користење цртички и броеви отежнуваат при вербално кажување на домен името и при паметење од страна на потенцијалните клиенти. Наша сугестија е да не користите спеделување на броеви или римски броеви, бидејќи и двете може да бидат збунувачки и измешани едно со друго.

  1. Пребарајте

Бидете сигурни дека името што го избрале не е заштитна марка, заштитено со нечии авторски права или се користи од страна на друга компанија. Тоа би можело да резултира со огромни правни проблеми кои што пак може да ве чинат мало богатство.

  1. Користете соодветни домен екстензии

Екстензии се суфикси, како што се .COM, .MK, .NET, итн. што стојат на крајот на веб адресите. Постојат многу различни екстензии. Тие имаат специфични намени, така да бидете сигурни дека сте одбраиле соодветна екстензија за Вашиот бизнис. Не треба да правите веб-сајт за секоја екстензија посебно. Само пренасочете ги сите дополнителни домени (со други екстензии) кон вашиот примарен домен. Ако вашата компанија е од Македонија, препорачливо е да закупите домен со .mk екстензија. Направете проверка дали саканиот домен е слободен веднаш.

  1. Заштитете се и изградете го Вашиот бренд

За да се ​​заштитите како бренд, треба да купите различни и повеќе домен екстензии, како и неправилните верзии од Вашето домен име. Ова ги спречува конкурентите да регистрираат други верзии и Ви гарантира дека Вашите клиенти се насочени кон Вашиот сајт, дури и ако погрешно го напишат домен името при пребарувањете.Заштитете се и изградете го Вашиот бренд

  1. Дејствувајте брзо

Домен имињата се продаваат брзо. За среќа, тие се исто така и евтини, па Ви советуваме да ги регистрирате Вашите омилени домен имиња што е можно поскоро.

Конечно до .mk домен за само неколку минути

Управниот одбор на МАРнет донесе нов правилник кој за првпат во историјата на .mk доменот овозможува на корисниците онлајн (online), без потреба од дополнителни документации и папирологии да регистрираат домен на нивно име. Најголемата новост за крајните корисници е тоа што од сега ќе може многу лесно (online) да се изврши регистрација на .mk домен и истиот да биде активен за само неколку минути. Со новиот правилник е овозможено и јавно и меѓусебно продавање на .mk домените. Сепак, треба да се внимава на правилното и точното внесување на податоците за регистрантот при онлајн  (online) регистрацијата.

Новиот правилник стапува во сила од 10.06.2014.

600x315-za-mk-novo

Паралела на процесите за регистрација, пред и по новиот правилник

Како беше до сега?

2014-та е година на либерализација и олеснување на процесите за регистрација на .mk домените. Пред само неколку месеци беше активирана либерализацијата на .mk доменот, со што МАРнет овозможи да има официјални регистрари (наспроти тоа што беше само во МАРнет) кои имаат лиценца да регистрираат домени за крајните корисници. Предноста за корисникот со оваа либерализација е тоа што има избор од повеќе регистрари. Доколку не е задоволен, корисникот може во секое време да го смени регистрарот за својот домен.

Сепак и покрај либерализацијата на доменот и овозможување на повеќе регистрари, не се среди најголемиот проблем кој го имаа корисниците – да можат без документи, онлајн да си регистрираат домен. Тие мораа да пополнат барање за регистрација со нивни податаоци, кое потоа мораше да се потпише и достави до регистрарот кој требаше да го верифицира и одобри. Многу корисници не го сакаа овој процес и си нарачуваа интернационални домени, сè со цел заштеда на време и избегнување на оваа документација и папирологија која беше задолжителна.

Како е сега процесот на регистрација?

Сега процесот на регистрација е многу едноставен и лесен:

  1. Корисникот врши проверка дали саканиот домен е слободен.
  2. Доколку доменот е слободен, се прави нарачка преку онлајн форма на сајтот на регистрарот, при што корисникот ги внесува своите податоци (регистрант информации, ДНС сервери и административни и технички контакти).
  3. По уплатата на доменот со кредитна картичка онлајн, истиот може да биде активиран автоматски за само неколку минути на име на корисникот кој направил нарачка.

При овој процес се избегнуваат дополнителните чекори за пополнување на барање, потпишување, доставување и верифицирање на истото. Сега процесот е многу поедноставен и корисниците можат да регистрираат домен од удобноста на својот дом.

Ако имате идеја за одреден домен, повелете и регистрирајте си го веднаш за само неколку минути преку автоматизираниот систем на МКхост.

Кои се останатите новости?

Овозможена е продажба на .mk домените

Отсега ќе може да се врши и продажба на веќе регистриран .mk домен. Доколку имате регистрирано некој домен и мислите дека може да го продадете на друг, сè со цел тој да креира одреден сервис или едноставно да се смени сопственикот, ова ќе биде легално и ќе може да се направи без проблем. Секако, самиот продавач и купувач се договараат за цената.

Тргнат лимитот од 30 домени за регистрарите

Со претходниот правилник, регистрарите имаа лимит да регистрираат најмногу 30 домени на нивно име. Ова повеќе не важи и секој официјален регистрар ќе може да регистрира неограничен број на домени на негово име.

Странски физички и правни лица исто така ќе можат да регистрираат домени онлајн

Отворен е и пазарот за регистрација на македонски домени и за странски лица и компании. Ова е интересно за странските компании кои имаат свои брендови во Македонија, за полесно и брзо да си го закупат своето име и во .mk просторот. Ограничувања за странските корисници нема – важат истите правила од правилникот.

Како ќе се префрла сопственоста?

Доколку сакате да извршите промена на регистрантот поради било која причина, ќе треба да пополните писмено барање со кое ќе се верифицира вашиот идентитет како физичко или правно лице. Затоа напоменав при регистрација на нов домен, потребно е да се внесуваат правилни и точни податоци, затоа што кога ќе сакате да ја промените сопственоста на доменот, нема да можете ако информациите не ви се точни (регистрарот не може да ве верифицира како сопственик на доменот).

На што да се внимава при регистрација на нов домен?

При регистрација на нов домен треба да внимавате да ги вметнете точно вашите податоци како регистрант.

Зошто мора да се внесат точните податоци?

  • ако не внесете точни информации, ќе нема да можете да вршите промени за доменот во иднина за доменот (за секоја промена во податоците на регистрантот ќе мора да се достави писмено барање, со што мора да се утврди идентитетот на моменталниот регистрант);
  • ќе нема да можете да направите промена на регистрант на доменот (за промена на регистрант на домен, ќе мора да доставите писмено барање, со што мора да се утврди идентитетот на моменталниот регистрант);
  • нема да можете да го продадете доменот затоа што при продажбата, потребно е да го отстапите доменот на друг регистрант;
  • регистрарот и МАРнет ќе може да ви го избришат доменот ако се утврди дека внесените информации се неточни или невалидни.

Дополнителни информации

За пререгистрација на моменталните домени останува истиот процес

Процедурата за пререгистрација на моменталните .mk домени останува иста.

Што е процес на пререгистрација?

Процесот на пререгистрација се однесува само на домените кои се регистрирани директно во МАРнет пред 01.04.2014 . Сите овие домени мора да бидат пререгистрирани, сè со цел да изберат еден од понудените регистрари, како и технички да им се овозможи онлајн промена на ДНС сервери, промена на контакт информации и лесна и брза обнова во иднина. Секој корисник на македонски домен кој го регистрирал својот домен во МАРнет  треба да пополни барање за регистрација и истото да го достави до регистрар, сè со цел да се заврши процесот. Овој процес е задолжителен и доколку не го спроведете, доменот ќе биде избришан од базата на регистарот и истиот ќе биде слободен за повторна регистрација за секого.

Бројот на домени кој може да ги регистрира еден регистрант е неограничен

Вие како иден или моментален регистрант на македонски домени ќе можете да регистрирате онолку домени колку што сакате – нема лимит за регистрирани домени по регистрант.

Домените се регистрираат на период од една до десет години

Еден домен може да биде регистриран на најмал период од 1 година, до максимален период од 10 години. Рангот не смее да надмине никогаш над 10 години, односно еден домен во даден временски период не смее да има датум на истек подолг од 10 години од моменталната дата. Корисникот може да заштеди со регистрација на домен на подолг период и да го добие за поевтина цена. Исто така, предност е во тоа што својот домен не мора да го обновува често (секоја година).

Не регистрирајте домени на познати трговски марки

Според правилникот, регистрантот ја има целата одговорност врз доменот. Па така, доколку извршите регистрација на име на домен којшто е заштитена трговска марка, или ако со името на доменот правите повреда на интелектуална сопственост (авторско право, индустриска сопственост и сл.) ќе имате одговорност и доколку трето лице се пожали, ќе треба правно да се решава спорот, преку арбитражна постапка.

МКхост и основачот на МКхост – Иван Петрушевски секогаш се залагаа за поедноставување и автоматизирање на процесот за регистрација на македонските домени. Секогаш дававме предлози и напори до МАРнет, како и до Министерството за информатичко општество и министерот Иво Ивановски, знаејќи го проблемот на корисниците и претставувајќи ги нив пред институциите. Среќни сме што дојде и овој момент кога секој корисник ќе може онлајн, за само неколку минути да си регистрира македонски домен и да почне да креира веб сервис кој ќе нуди вредности на интернет просторот.

 

Интересни факти поврзани со регистрацијата на домени

Средба со министерот Иво Ивановски
Во моментов има преку 126,690,740 регистрирани домени во светот. Со секој изминат ден оваа бројка расте со тоа што се регистрираат околу 100,000 нови домени. Оваа бројка варира од ден во ден за 1000 плус или 1000 минус домени. Бројката на регистрирани домени може секој ден да се провери тука.

Се наоѓате во ситуација во која што штотуку добивте одлична идеја за бизнис, веб апликација или пак создадовте неверојатно ново софтверско решение. Сега се што треба да направите е да го одберете совршеното домен име за вашиот производ, но го добивате чувството дека речиси секое интересно домен име е веќе зафатено.
Затоа, проверете дали доменот кој што го имате замислено е веќе зафатен и направете го првиот чекор со регистрација на вашиот домен преку МКхост. Не заборавајте да ја искористите нашата роденденска промоција со која што добивате бизнис хостиг пакет+бесплатен домен.

Еве неколку интересни факти за регистрација на домените:

1. Сите можни комбинации на домен со три букви се веќе зафатени. Домените со три букви се популарни бидејќи е лесно да се запамтат, но регистрација на ваков домен е речиси невозможно или пак многу скапа. 1997 година е годината кога сите можни домени со три карактери и .com наставка биле зафатени.

2. Должината на домените може да биде од 3 до 63 карактери. Најпопуларната должина на домен име е всушност 11 карактери. Сепак лимитот од 63 карактери не ги спречило некои луѓе да ја искористат својата креативност како на пример: http://www.llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwyll-llantysiliogogogoch.com/ кој што претставува име на едно село во Велс или пак http://www.iamtheproudownerofthelongestlongestlongestdomainnameinthisworld.com/.

3. Иако Советскиот сојуз не постои уште од многу одамна, сепак сеуште постои можноста да се регистрира .su домен име. Регистрацијата на домени со оваа наставка продолжува да расте иако Советскиот сојуз е одамна распаднат.

4. Youtube.com е всушност регистриран на 14ти февруари 2005 година односно на денот на вљубените.

5. Сите домен имиња кои што се состојат од буквата а, од www.aaa.com до www.aaa….x63.com се веќе регистрирани.

6. Google.com всушност требало да биде Googol.com. Основачите на Google, Лари Пејџ и Шон Андерсон всушност планирале да ја крстат својата компанија “Googol” што е терминот кој што се користи за бројката 1 проследена од 100 нули. Кога го пребарувале терминот тие направиле мала грешка во спелингот и така бил регистриран официјалниот Google.com.

7. IANA или Интернет агенцијата за доделени бројки, ги поседува сите можни опции на домени за зборот examplе (пример). Па така www.example.com, www.example.net, www.example.edu и www.example.net се наоѓаат во нивна сопственост.

8. Дали знаевте дека вашиот домен може да биде укинат доколку вашите информации за регистрација не се точни и доколку не одговорите на барањата на регистрарот во рок од 15 дена?