Зошто сообраќајот е важен?

При изборот на веб хостинг, двете најважни работи кои најчесто се компарираат се хостинг просторот, како и месечниот сообраќај (трансфер). Познато е дека хостинг просторот е делот од серверот кој е достапен на располагање за закупениот хостинг за одреден веб сајт. На тој дел од серверот може да се складираат фајлови од типот на HTML фајлови, слики, скрипти, емаилови, и слично.

Што е веб сообраќај?

Од друга страна, пак, bandwidth, или веб сообраќај, претставува количеството на податоци (слики, текстови, фајлови, и слично) кои се трансферираат помеѓу веб сајтот и неговите посетители во зададено време (најчесто мерено во секунди). Тоа значи дека искористениот веб сообраќај од страна на веб сајтот кој се хостира, правопропорционално зависи од бројот на посети.

Разликата помеѓу веб сообраќај и трансфер на податоци е во тоа што трансферот го означува самото количество на податоци, додека веб сообраќајот е максимумот на податоци кој може да се пренесе во определениот период.

Едно од честите прашања при закуп на веб хостингот е – Колку месечен сообраќај ни е потребен?

Посетеноста е клучна

Кога некој посетител доаѓа на Вашиот веб сајт, компјутерот на посетителите ги симнува фајловите кои го сочинуваат истиот тој веб сајт, за истиот да може да се прикаже. Големината на тој преземен фајл е всушност искористениот сообраќај.

Освен основната посетеност, сообраќајот се троши и кога се врши бекап на сајтот, како и кога се симнува фајл од серверот. Слично е и кога испраќате емаил – ако прикачувате слики кои сакате да ги испратите, трансферот е исто дел од сообраќајот.

Потребна е флексибилност

Колку сообраќај ви е потребен? Кога ќе започнете со Вашиот прв веб сајт, секако дека не може однапред да ги антиципирате сите потреби кои би можеле да се јават во текот на функционирањето.

Затоа, секогаш сигурен избор е да почнете од помалку, и да се прилагодувате според настанатите потреби, односно да побарате покачување на поголем хостинг пакет со поголеми ресурси.

Исто така, можете и сами приближно да пресметате колку сообраќај би Ви бил потребен со помош на формула – Проценете ја просечната големина на една страница од Вашиот сајт во килобајти, помножете го тоа со месечниот број на посетители. Потоа тој резултат помножете го со просечниот број на страници од Вашиот веб сајт (page views) кои ги посетува еден просечен посетител.

Имајте на ум дека веб сообраќајот директно влијае врз брзината на веб сајтот.

 

Проблеми со бавен веб сајт? Корисни совети за подобрување на брзината

Во денешно време многу е важна брзината со која располага Вашиот веб сајт при нејзино отворање и користење.

Брзината на сајтот влијае на повеќе клучни параметри, како што е рангирањето на сајтот во резултатите од пребарувањето, а секако е еден и од значајните фактори за да задржи што поголем дел од посетителите.

Изборот на веб хостинг

Првиот чекор е да изберете компанија со солиден и сигурен хардвер за да го хостирате вашиот веб-сајт. Повеќе хостинг компании, како што е и МКхост, нудат голем избор на хостинг пакети со различни карактеристики.

Кога започнувате сопствен веб сајт, потребно е редовно да ги следите обемот на сообраќајот и користењето на ресурсите, за да можете да го надоградите пакетот во било кое време, за да Вашите посетители не помислат дека вашиот веб сајт е слаб и непрофесионален.

Оптимизирајте ги вашите слики

Добриот квалитет и големината на сликите е важна за брзината на сајтот. Со оглед на тоа, сликите може да ги намалувате со помош на разни алатки за графичко уредување.

Намалете ја сликата со сечење на непотребните елементи од истата. Се препорачува користење на JPEG формат, додека треба да се избегнуваат TIFF и BMP формати.

Кеширање

Кеширањето е технички термин за складирање на податоци. Истото ја намалува оптовареноста на разни системски ресурси на Вашиот сервер.

Подесувањата може да ги најдете на контролниот панел на WordPress. Доколку Вашиот веб сајт не е на WordPress, кеширањето е посложено.

Користење на CDN

Content Delivery Network (CDN) е светска мрежа на сервери што Ви овозможува да ги складирате датотеките на Вашиот сајт (на пример Javascript, CSS, слики, видеа, документи итн.).

Овие елементи потоа се доставуваат до посетителите од сервер до нивната физичка локација. На пример, ако Вашиот веб сајт е хостиран на сервер во САД, посетителите од други делови на светот ќе треба да чекаат (релативно) долго време за да стигнат содржините до нивните прелистувачи.

Со CDN, тоа време се намалува, бидејќи статичната содржина ќе биде обезбедена од локален сервер многу поблиску до нив, наместо на еден од целиот свет.

Java Script, HTML и CSS

Во денешно време веб сајтовите се зависни од JavaScript и CSS. Поради тоа, важно е да се намали големината на овие текстуални датотеки.

Во основа, значи да го намалите количеството на податоци што треба да се пренесат – со што се намалува времето потребно за вчитување на страница.

Повторно проблеми со Вашиот веб сајт! Кои се решенијата?

Постојат голем број потенцијални причини зошто Вашиот веб сајт не се прикажува на Вашиот пребарувач. Истите најчесто можат да бидат поделени во 2 категории: проблеми на локално ниво и проблеми што треба да се решат на серверско ниво.

Проблеми на локално ниво

ERR_INTERNET_DISCONNECTED

Оваа грешка укажува на тоа дека постои проблем со Вашата интернет конекција. Обидете се да отворите други страни, да го рестартирате рутерот и доколку проблемот сè уште не е решен, контактирајте го Вашиот интернет провајдер.

 

ERR_NAME_NOT_RESOLVED

Проблемот е што именските опслужувачи за доменот не се ресолвираат. Доколку овој домен е новорегистриран или има промена во DNS-ите, потребно е да поминат од 2-4 часа за рефреширање на DNS зоните и доменот да биде поврзан со хостингот/серверот. Во спротивно, проблемот може да биде до DNS серверот за доменот. Доколку пак сè е во ред со DNS серверот, можеби проблемот е во пропагацијата преку Вашиот интернет провајдер, па потребно е да ги контактирате.

 

ПРОБЛЕМ СО ОТВОРАЊЕ ЛИНК СО ПОРТА

-Доколку во линкот има порта или редиректира кон линк со порта, страната можеби не се прикажува поради тоа што Вашиот локален firewall ја има блокирано таа порта. Исклучете го firewall-от и/или деактивирајте го Вашиот антивирус, па пробајте повторно.

 

ЛОКАЛЕН CACHE

Ако сте вршеле промени на веб сајтот, а на Вашиот пребарувач сеуште не се прикажува промената, избришете го Вашиот локален cache. Дополнително, пробајте да го отворите сајтот од друг пребарувач или отворете ја страната од друг уред.

 

Проблеми што треба да се решат на серверско ниво

 

ERR_CONNECTION_TIMED_OUT

Доколку немате проблем со интернет конекцијата, а за доменот се појавува оваа грешка, голема е веројатноста серверскиот firewall да ја има блокирано Вашата IP адреса. Причините за блокирањето можат да бидат различни – од грешење лозинка на cPanel/WebMail/WordPress, до вршење одредени промени врз хостингот. Потребно е да ја дознаете Вашата IP адреса и да го контактирате Вашиот хостинг провајдер.

 

 

HTTP Error 500

Проверете го error_log-от на Вашиот хостинг. Оваа грешка се јавува доколку постои одреден проблем со плагин, тема, темплејт, некоја грешка од хостингот или потребни се модификации на PHP поставките. Тоа можете да го проверите на Вашиот error_log.

Пример за грешки во error_log-от:

  • PHP Fatal error:  Allowed memory size of 41943040 bytes exhausted (tried to allocate 263512 bytes) in /home/{username}/public_html/wp-content/plugins.

Оваа грешка укажува на тоа дека одреден плагин влече повеќе ресурси од доделеното во php.ini. Доколку користите cPanel, во делот на Select PHP Version можете да ги зголемите php поставките за Вашиот акаунт. Најчесто потребните поставки кои треба да се зголемат се следните: memory_limit, post_max_size, upload_max_filesize.

  • PHP Fatal error:  require_once() [<a href=’function.require’>function.require</a>]: Failed opening required ‘/home/flakainf/public_html/wp-content/plugins/yop-poll/inc/plugin.php

Според оваа грешка, проблемот е во плагинот yop-poll инсталиран на WordPress платформата. Можете со деактивирање на плагинот да потврдите дека проблемот настанува оттаму. Деактивирањето можете да го извршите преку File Manager секцијата на контролниот панел (на локација public_html/wp-content/plugins) или преку администраторискиот панел на WordPress (ime_na_domen.com/wp_admin). Потоа истражете зошто настанал проблемот.

Хакирана веб страна или страна која редиректира кон невалидни линкови

Вашиот веб сајт најверојатно е хакиран. Потребно е да направите update на платформата која ја користите (WordPress, Jommla), како и на плагините, темплејтите. Направете детално скенирање на фајловите на Вашиот веб сајт, базата и user-ите. Доколку се работи за редирекција, проверете за невалидни фајлови на хостингот, како и за можна хакирана тема (поконкретно header.php и footer.php фајловите на темата).

Red Screen за Вашиот веб сајт

Овој проблем честопати е поврзан со претходно опишаниот случај. Дел од интернет сервисите вршат скенирање на веб сајтовите, и доколку се забележи проблем, се поставува предупредувачкиот црвен екран кој укажува дека се работи за заразен сајт. Повторно е потребно да извршете детално скенирање на хостингот. Доколку веб сајтот е исчистен и сè уште е пристутен црвениот екран, треба да испратите барање за отстранување на предупредувањето.

 

ERR_TOO_MANY_REDIRECTS

Проверете дали имате поставено редиректи за Вашиот домен. Доколку има повеќе редиректи преку .htaccess фајлот и/или преку cPanel-от, можно е да постои бесконечен циклус на повикување со кој се јавува проблемот.

 

Internal Server Error/Resource Limit is reached

Најчестата причина за овој проблем е искористеност на ресурсите кои се доделени за Вашиот хостинг. Проверете дали се работи за поголем број посети или потребна е одредена оптимизација на сајтот поради која се повлекуваат повеќе ресурси од доделеното. Истражете ги плагините, темите и конекциите до базата.

 

Bandwidth Limit Exceeded

Месечниот сообраќај доделен за Вашиот хостинг е целосно искористен. Контактирајте ги Вашите хостинг провајдери за зголемување на овој лимит.

ВИДЕО СЕРИЈАЛ: Направи сам сопствен веб сајт преку WordPress

МКхост објавува бесплатен видео серијал на македонски јазик од едукативен карактер, преку кои чекор по чекор се учи за основите на WordPress и правењето на веб сајт преку оваа платформа. Со овие видеа ќе научиш сам како да ја започнеш својата онлајн приказна, или да го развиеш твојот бизнис во Интернет просторот. Туторијалите се презентирани од страна на Марио Давчевски.

Во првото видео од овој серијал на туторијали ќе се запознаеш подетално со основите и историјатот на WordPress. Зошто WordPress е најкористена платформа за изработка на веб сајтови? Како можеш да направиш сајт со помош на WordPress?

 

Овој серијал е составен од вкупно 8 видеа, а во истите се обработува следната содржина:

Видео 2: Инсталација и работна површина
Видео 3: Како се пишуваат постови?

Видео 4: Креирање на насловна страна
Видео 5: WordPress плагини
Видео 6: WordPress теми
Видео 7: Навигација во WordPress
Видео 8: WordPress апдејти

 

 

 

За да ги добиеш останатите видеа, пријави се БЕСПЛАТНО во формата подолу.

Можности за кариера постојат и од Македонија

CareerLaunch успешно го одржа своето второ издание. Овојпат на поголем простор, во Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со поголем број на учесници (над 20 компании), презентации и работилници, како и над 1000 посетители кои циркулираа во текот на дводневниот собир.

Настанот беше отворен од страна на американскиот амбасадор Џес Бејли, како и претставникот на УНДП за Македонија, Луиза Винтон. Амбасадорот Бејли порача дека ваквите настани потврдуваат дека можности за кариера постојат и во нашата земја, и дека е одлично што постојат луѓе кои преземаат ризици.

Според организаторите Summer Work and Travel Alumni Macedonia и Младински Инфо Клуб Скопје, CareerLaunch продолжува да биде приказна преку која се поттикнува локалната tech и стартап култура.

Многумина од младите генерации се обидуваа да го разјаснат прашањето „Што сакаше да станеш кога ќе пораснеш“ и се информираа за своите работни можности.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на CareerLaunch 2.0 преку фотографии, преземени од официјалните Фејсбук страници на CareerLaunch и МКхост.

 

7

 

Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш?

По успешното деби во октомври лани, на ред е да се одржи и второто издание на CareerLaunch, саемот за кариера кој на едно место ги поврзува компаниите со младите во Република Македонија.

Овојпат, организаторите порачуваат – ова ќе биде местото кадешто ќе се најде одговорот на прашањето – „Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш“

Организиран од Summer Work and Travel Alumni Macedonia и Младински Инфо Клуб Скопје, CareerLaunch 2.0 ќе се одвива на 5-ти и 6-ти мај со почеток од 14 часот во Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

72 работни позиции, 23 компании учеснички и 7 работилници ќе бидат достапни за посетителите, што претставува широк спектар на понуда која треба да ги заинтересира студентите, фриленсерите како и работната сила во нашата земја. МКхост е помеѓу компаниите кои по втор пат ќе бидат дел од овој настан.

Целта на овој саем е озозможување на индивидуалците да ја пронајдат својата идеална работа и професија, а од другата страна, пак, компаниите да го унапредат својот тим со квалитетен кадар.

Настанот е бесплатен за сите заинтересирани посетители, а може да се регистрирате на следниот линк. За повеќе информации околу CareerLaunch 2.0 и целосната програма на саемот, повеќе тука.

Како до одличен landing page?

Заборавете на почетната страница, односно home page како основен извор на кој вашите потенцијални клиенти треба да конвертираат во активни клиенти. Ефикасната продажба онлајн сè повеќе се насочува преку landing pages.

Што е landing page?

Landing page е посебен дел од веб сајтот, кој не е поврзан директно со останатите содржини. Истиот треба да презентира точно определена содржина за определен бренд/производ и да има точно определена намена.

Таа намена е најчесто отсликана како специјална понуда која треба да привлече одредена публика.

Зошто landing page?

Постоењето на landing page е од клучно значење за привлекување на најтаргетираните корисници и потенцијални клиенти кои би требало да купат одреден производ од Вашиот веб сајт.

Овој landing page се пласира преку точно одредени маркетинг канали кои Вие сметате дека се најсоодветно таргетирани за целната публика која Ви е потребна. За разлика од почетната страница, која привлекува mass appeal публика, landing pages имаат точно дефинирана намена.

На пример, landing page за Вашата нова промоција, или пак landing page за градење на Вашата емаил листа, и слично.

Визуелен идентитет

Многу е важно она што ќе го види посетителот на вашиот landing page да соодвествува на промоцијата што го довела до истиот. Користење на ист дизајн, фонтови и бои е задолжително.

Визуелниот впечаток има огромно психолошко влијание врз посетителите и преставува еден од детерминирачките фактори дали истите ќе извршат конверзија.

Од дизајнерски аспект, значајно е најважната содржина (ударниот наслов и текст и понудата) да бидат пласирани во горниот дел, кој ќе се отвори веднаш штом се кликне на овој landing page, со што корисникот нема да мора да се движи подолу. Отстранување на главното мени и останати линкови е исто така препорачливо, за фокусот на потрошувачот да биде на конкретната понуда.

Влијанието на текстот и содржината

Добрата содржина која привлекува внимание е секогаш добредојдена и од помош. Како што кажавме, ударниот наслов и текст, односно клучната порака на понудата, треба да биде пласирана во горниот дел, односно најприоритетно.

Истите клучни зборови од пораката која ја испраќате, треба да циркулираат во целокупниот пласман на понудата – од промоција, до landing page, па сè до пост продажбата.

Значењето на Call to action

Соодветно call to action копче е исто така еден од важните визуелни моменти. Ова копче се наоѓа веднаш под формата на која корисниците ги оставаат потребните податоци.

„Нарачај веднаш“, „Продолжи“, „Стартувај“… се само дел од кратките и прецизни опции кои може да ги користите како call to action.

Значење на емаил листите за градење на онлајн бренд

Еден од најзначајните фактори за раст на онлајн бизнисите е преку методот на емаил маркетинг, односно со градење на емаил листи. Со помош на овие листи, може на едно место да ги соберете сите потенцијални и активни клиенти. Потенцијалните се оние кои треба да ги убедите да го купат Вашиот производ, додека активните треба да ги информирате за сите дополнителни услуги од кои може да остварувате дополнителни приходи.

Како се градат емаил листи?

Не е едноставно да убедите потенцијални клиенти да се приклучат на Вашата емаил листа. Кога определен бизнис бара определена целна публика да направи subscribe на емаил листа, корисниците веднаш ќе помислат дека тоа го правите исклучиво поради маркетинг цели и дека ќе бидат постојано „спамирани“ со промоции и реклами.

Затоа, многу е важно да дефинирате вредност за корисниците, односно тие да се регистрираат на листата поради точно определена содржина. На пример – специјален попуст за членовите, онлајн курсеви, бесплатни книги или слично.

Пласирање

Едно од најсуштинските прашања е – На кои места да се пласира форма за регистрирање (subscribe) на емаил листата, а во исто време да не биде нападна?

Еден од начините е преку поп-ап прозорец, кој би се појавил ако некој корисник доволно долго пребарува на Вашиот веб сајт (на пример, по 30-тата секунда од посетата), односно некој кој е доволно заинтересиран за содржините кои ги гледа на сајтот.

Исто така, пласирање на формата под текстови на Вашиот блог пост е исто така тактика која може добро да функционира, особено ако емаил листата ви е за едукативни цели.

Употреба

Еден од најефикасните начини како да изградите квалитетна и долгорочна листа е да ја употребувате за едукативни цели.

Статистиките покажуваат дека корисниците приклучени на Вашата емаил листа повеќе кликаат на едукативни наслови на маилови, односно оние од кои можат да научат нешто и ќе добијат повеќе информации, отколку на маилови во кои во насловот доминираат попусти и промоции.

Контактирање

Кога е најдоброто време да им се испраќаат маилови на корисниците? Препорачливо е да се испраќаат маиловите во текот на работните часови, околу 10 до 14 часот.

Колку често? Тоа е прашање кое Вие најдобро ќе знаете да го одговорите, така што постојано ќе ги тракирате перформансите. Дали преголемата количина на испратени маилови ќе предизвика многу откажувања од листите, или пак тоа уште повеќе ќе ги радува претплатниците и ќе ја зголемува листата?

Вредност

Зошто емаил листите се толку вредни? Во денешно време легално стекнатите податоци за Вашите потенцијални и активни клиенти се непроценливи. Емаил листите се едни од најпрактичните начини да го остварите тоа, при што бенефит ќе имаат и двете страни – Вашиот продукт и Вашите корисници.

Затоа, започнете уште денес со градење на обемна и квалитетна емаил листа!

Зошто мојот веб сајт изгледа непрофесионално?

Стремењето на секој бизнис е истиот да изгледа на високо ниво. Ако го третирате својот веб сајт како онлајн бизнис, време е континуирано да следите неколку чекори за постојано да бидете сигурни дека имате квалитетен производ.

Тестирање на сите елементи

Како што веќе зборувавме, клучен елемент за успешно лансирање на еден веб сајт е тестирање на сите параметри кои гарантираат квалитетно искуство на Вашите посетители.

Секогаш имајте ја на ум големата слика за тоа каков веб сајт сакате да имате, и која е неговата крајна цел.

Квалитет на содржината

Користење на литературен и граматички точен јазик е една од првите работи која ќе ја забележат посетителите.

Меѓутоа, квалитетот на содржината не се однесува само на користење на професионален речник. Самата содржина и нејзината усогласеност со целокупната визија за Вашиот бренд е од големо значење за тоа каква перцепција ќе имате пред посетителите.

Ангажирање на лектор и копирајтер се пожелни за да ви помогнат при отстранување на ваквите недостатоци. Некогаш и едноставни и ненамерни печатни грешки можат да остават голем непрофесионален впечаток.

Визуелен впечаток

Содржината на крајот е најважниот парамтар за да ги задржите посетителите, но првиот впечаток го остава изгледот на сајтот.

Под визуелниот впечаток, се подразбира сè она што го регистрира нашето око – од дизајнот на веб сајтот, до поставеноста на рекламните банери, како и квалитетот на сликите.

Во денешно време, многу е важно да имате оптимизиран веб сајт, кој ќе изгледа квалитетно, без разлика на кој уред и да се отвори. Користење на оригинални слики, а не купени stock images, исто така ја зголемува професионалноста и го зајакнува брендот.

Недостаток на https://

Безбедноста при пребарување на Интернетот е еден од проблемите и предизвиците со кои глобално се соочува мрежата. Посетителите стануваат сè повнимателни при нивниот онлајн избор.

Протоколот https:// е задолжителен за да имате сајт преку кој ќе се вршат онлајн трансакции. За да го добиете истиот, потребно е да се снабдите со SSL сертификат. Истиот ја гарантира безбедноста на сајтот, а посетителите (и потенцијални клиенти) ќе се чувствуваат посигурно.

Што ги одвлекува посетителите?

Ако не внимавате на некои од погоренаведените елементи, многу е веројатно дека можете да создадете одбивност кај Вашата потенцијална целна публика.

Ова се некои од начините кои статистички е покажано дека можат да наштетат на репутацијата на Вашиот сајт.

Како до поголема продажба?

Ако имате сајт кој се занимава со онлајн продажба, чекорите набројани погоре околу професионалноста дефинитивно мора да ги применувате константно.

Освен тие, постојат и препораки и методи преку кои може да ја зголемите конверзијата (продажбата) и оттука да оставите попрофесионален впечаток пред Вашиот аудиториум.

Што нуди седмата верзија на php?

Програмскиот јазик PHP ја објави својата 7-ма верзија, што претставува прва поголема објава после 11 години. Тоа е долго време за нова верзија во делот на софтвер дивелопмент, а на истата е работено повеќе од 2 години. Содржи комплетно нов Zend Engine кој е многу побрз, користи многу помалку меморија и има постојана 64-битна поддршка.

Доколку веќе претходно сте го користеле PHP за Вашата веб страница, сигурно веќе сте добро запознаени со PHP верзија 5.3 и PHP верзија 5.4, односно верзијата 5. Па, сигурно голем дел од Вас се прашуваат – што се случи со PHP верзија 6?

Проблеми со развој

PHP 5.0 верзијата беше пуштена во употреба во 2004-та година, а кратко потоа, во средината на 2005-тата година започна развојот на PHP 6 верзијата, која ветуваше дури и премногу. Главната цел беше да се овозможи native Unicode support преку PHP. Ова значеше менување на секој дел од PHP кодот кој би можело да ги содржи не само основните single-bite карактери, туку и multi-bite карактери од други јазици, како на пример нашите кирилични, кинески и арапски букви и симболи.

За жал, оваа цел се покажа како преамбициозна, и после цели 5 години работа, во 2010-тата голем дел од дивелоперите на новата верзија почнаа да ја напуштаат оваа идеја. Сепак, поголем дел на други исто така значајни промени веќе беа финиширани, но најголемата и главна цела на PHP 6.0 верзијата не беше остварена.

Доколку веќе подолго време го користите PHP, сигурно ги имате во предвид големите промени кои се направија при премин од PHP 5.3 кон PHP 5.4. Токму тие се тие финиширани „својства“ ветени за PHP 6.0 верзијата. Затоа, голем дел на корисници/дивелопери сметале дека PHP 5.4 треба да биде PHP 6.0 земајќи ги во предвид промените кои се направени во истата.

Како и да е, со оглед на тоа што главното ветено ново својство на PHP 6.0 верзијата не беше исполнето, а веќе на големо се пишуваше и дебатираше за истата на различни настани и блогови, се постави прашањето – Како ќе се вика новата верзија на PHP?

За да не дојде до забуна, решено е на некој начин да се „прескокне“ верзијата 6.0 и новата верзија да биде PHP 7.0. Оваа верзија официјално беше лансирана во употреба во декември 2015 и со себе донесе огромни промени и предиспозиции – но не и ветеното во PHP 6.0.

Предности на PHP 7.0

Најголемата предиспозиција која PHP 7.0 ја нуди е далеку подобар перформанс и побрза работа на вашата веб страница во однос на претходните верзии на PHP.

PHP 7 има поголем број на оптимизации кои го процесираат PHP кодот и го трансформираат во assemble language, односно јазик кој го разбира вашиот компјутер, и истиот користи многу помалку меморија при целиот тој процес, а тоа прави PHP 7 верзијата да е побрза.

PHP 7 има 100% раст на брзината, а тоа значи дека еден сервер на кој би се хостирале веб страници со PHP 7 верзија би можел да поддржи 2 пати повеќе барања. Со ова, вашиот хостинг пакет со исти перформанси би можел да обработи 2 пати поголем број на барања.

Ова има значење не само во брзината на сајтот, туку и во ресурсите кои ги плаќате за Вашиот хостинг. Доколку порано за обработка на исто толку барања би требало да го надоградите пакетот на поголем пакет со поголеми ресурси и повеќе да плаќате, сега за истата сума со истите ресурси Вашиот хостинг ќе може да обработува до 2 пати повеќе барања.

Подолу можете да ја погледнете табелата каде се споредуваат PHP 5.6 и PHP 7 за веб сајтови изработени во едни од најкористените технологии во однос на обработени барања во секунда. Како што може да видите Вашиот WordPress сајт би можел да обработува 374 барања во секунда само со еден Upgrade на PHP верзијата која ја користите.

Токму затоа немате причина за двоумење, време е за надоградба на Вашиот сајт на PHP 7.0  а со тоа и дуплирање на ресурсите кои ги имате и нивно порационално искористување.