Управување со .mk доменот

  1. Кој може да регистрира .mk домен?

Право да регистрираат .mk домен имаат сите физички и правни лица.

  1. Кој може да ги регистрира следниве официјални под домени com.mk, net.mk, inf.mk?

Право да регистрираат домен com.mk, net.mk и inf.mk имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.

  1. Кој може да регистрира .org.mk и .edu.mk домен?

Посебни услови се применуваат. Регистрантот мора да биде:

За org.mk – непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.

За edu.mk – образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организации кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.

  1. Кои контакти се доделуваат за еден домен, и кои модификации им е дозволенo да ги прават?

На секој .mk домен му се доделува регистрант (означен со буквата R во whois регистарот), административен и технички контакт (означени со буквата C). Не постојат ограничувања за регистрантот додека административниот контакт може да побара само промена на неговите контакт податоци, промена на податоците на техничкиот контакт и промена на имеснки опслужувачи (DNS сервери), а техничкиот контакт може да побара промена само на неговите контакт податоци и промена на именски опслужувачи (DNS сервери).

  1. Колку домени може да регистрира едно лице / компанија?

Бројот на домени регистрирани на еден регистрант е неограничен.

  1.  Што е потребо за регистрација на .mk домен?

За да се регистрира .mk домен, регистрантот потребно е да ги достави следните информации:

  • Податоци за регистрантот
  • Податоци за контактите (административен и технички)
  • Најмалку два именски опслужувачи (ДНС сервери) на кои е поставен доменот

Се пополнува онлајн барање на линкот: http://www.blog.mkhost.com.mk/mk-domeni/ со потребните информации и се завршува нарачката онлајн. По уплаќање на генерираната профактура (елекетронски со кредитна картичка или на жиро сметка), доменот се активира.

При нарачката мора да се внесуваат точни податоци. Доколку се утврди дека се внесени погрешни податоци, тогаш регистрарот (МКхост) има право да го избрише доменот без претходна согласност од регистрантот.

  1. Колку карактери(знаци) може да се користат за име на доменот?

.mk домен може да содржи 1, а најмногу 63 карактери, од кои првиот и последниот не смеат да бидат „-“ (тире). Доменот може да се состои само од бројки и букви и знакот “-”  (тире).

  1.    Дали може да се менуваат податоците за доменот?

Името на доменот не може да се промени.

Листа на можни промени и овластени лица кои можат да ги побараат промените:

  • промена на административен контакт може да врши регистрантот или самиот
  • административен контакт;
  • промена на техничкиот контакт може да врши регистрантот, самиот технички
  • контакт или административниот контакт;
  • промена на именски опслужувачи може да вршат регистрантот, административниот
  • или техничкиот контакт;
  • промена на регистрантот може да вршат постоечкиот регистрант заедно со новиот
  • регистрант кај регистрар со доставување на писмено барање за домен
  • промена на податоци за регистрант може да врши регистрант кај регистрар со
  • доставување на писмено барање за домен;
  • регистрантот е единствениот контакт кој е овластен да врши бришење на домен;
  • промена на индентификатор (клуч) за контакт не може да се направи, промена на
  • сите други податоци освен на идентификаторот врши назначениот контакт;
  • идентификатор (клуч) за листата на именски опслужувачи не може да се промени;
  • идентификатор (клуч) на сет на клучеви не може да се промени.
  1. Што е пренос(трансфер) на домен?

Пренос или трансфер  на домен е постапка со која се врши промена на одбраниот регистрар на доменот. По извршениот пренос новиот регистрар ќе раководисо податоците поврзани со доменот и регистрантот.

  1. Дали може да  продолжам веќе истечен домен и кој е периодот на заштита?

Доколку доменот не биде обновен до датумот на истек, доменот влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот.

Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант.

По истекот на останатите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант.

Доколку доменот сакате да го обновите, ќе треба да извршите плаќање за обнова на доменот.

  1. Како се врши промена на регистрант на домен?

За промена на регистрант на домен се потребни две барања (http://www.blog.mkhost.com.mk/mk-domeni/Mkhost-baranje-za-domen.pdf – се превзема истото барање од стариот и новиот регистрант) :

  • Барање од моменталниот регистрант (ова барање е потребно за отстапување на доменот), се штиклира полето „Промена на регистрант на домен“ и полето „Целосен назив на новиот регистрант“ се пополнува со името на новиот регистрант. Барањето треба да е заверено со потпис (и печат за правни лица) од моменталниот регистрант.
  • Второто барање се пополнува од новиот регистрант (ова барање е потребно за превземање на доменот од новиот регистрант), се штиклира „Регистрација на домен“ и се пополнува со новите податоци од новиот регистрант. Барањето треба да биде заверено со потпис (и печат за правни лица).

Заедно, двете барање се доставуваат до регистарот МКхост. Доколку сите податоци се точни и уредно пополнети, регистрарот ја врши промената и го назначува новиот регистрант како сопственик на доменот.

Оваа услуга е бесплатна и не се наплаќа.

  1. Кој е временскиот период на кој може да се закупи еден .mk домен?

Временскиот период за регистрација на еден .mk домен е од 1 до максимум 10 години.

  1. Кој е процесот за обнова на .mk домен?

Пред истекот на доменот на неколку пати ќе добиете предупредување и потсетување дека за одредено време ви истекува доменот. Точно две недели пред истек ќе ви се генерира профактура за обнова. По уплата доменот веднаш ќе се обнови. Доколку сакате доменот да го обновите порано, се логирате во нашиот систем за клиенти http://www.blog.mkhost.com.mk/clients и самите го обновувате доменот. (Можете да уплатите со кредитна картичка директно онлајн или преку банка на жиро сметка/профактура). Доколку доменот не го обновите 60 дена по истек, истиот ќе се тргне од ДНС зоната и нема да функционира. Доколку и во наредните 60 дена не се обнови доменот, истиот ќе биде слободен за повторна регистрација од друго лице.

  1. Кога се случува бришење на .mk доменот?

Регистрацијата на доменот може да биде поништена, доменот деактивиран и избришан од регистарот во следните случаи:

● Регистрантот постапува спротивно на условите за регистрација на домени и спротивно на Правилникот за регистрација утврден од страна на    МАРнет.

● Регистранот во писмена форма побарал поништување на регистрацијата и негово бришење од регистарот.

● Регистрантот на доменот не ги подмирил финансиските обврски за регистрација или обнова на доменот.

● Регистрантот не е во состојба да ги задоволи техничките услови за функционирањето на доменот.

● Регистрантот во постапката за регистрација дал погрешни и неверодостојни податоци и документација.

● Регистрантот не доставил промена на задолжителни податоци за себе и за употреба на доменот.

● Регистрантот не ги почитува своите обврски и одговорности пропишани со Правилникот за регистрација на домени.

● Регистрантот не презема одговорност или не соработува со службата, односно со лицата овластени за доменот и во други случаи кога е    неопходно преземање на определени активности.

● Регистрантот на доменот го злоупотребува доменот на начин што со употреба или неупотреба ги повредува интелектуалната сопственост,    авторските права според позитивните прописи.

● Во други случаи утврдени со закон.