Постојано сте во трка да ги подобрите посетите на веб сајтот кој го водите, и да го зголемите нивниот квалитет. Постојано е потребно да се проверува овој параметар преку постојани анализи и тестирања на публиката, за да се постигнат посакуваните резултати.

Една од постојаните битки во онлајн светот, на секој веб сајт, е да ги вложува своите напори во намалување на т.н. bounce rate на што помал процент.

Што е bounce rate?

Едноставно кажано, bounce rate е стапка која покажува колкав процент од посетите на веб сајтот направиле само единствен клик на истиот (односно се приклучиле само на една од страниците), а веднаш потоа се исклучиле. Ако го земеме следниот пример на два веб сајтови со одредена посетеност и bounce rate:

  1. Веб сајт со 3.000 посети со bounce rate од 75%,
  2. Веб сајт од 2.000 посети со bounce rate од 50%,

На прв поглед, според посетеноста, првиот веб сајт остварува подобар резултат. Сепак, ако го земеме и bounce rate како фактор, тоа значи дека во првиот случај, 750 посетители виделе повеќе од една страница, а во вториот случај дека 1.000 посетители виделе повеќе од една страница на сајтот.

Дали bounce rate е лоша работа?

Примерот погоре може да укаже на фактот дека вториот сајт има содржина која ги поттикнала посетителите да отворат повеќе од една страница на сајтот, што може да биде многу значајно за идните конверзии, кои пак го дефинираат профитот што ќе го заработи истиот тој сајт.

Така што, генерално одговорот е дека висок bounce rate е лоша работа за веб сајтови чија определена цел се одредува преку посети кои треба да направат повеќе од еден клик (на пример, за да се купи продукт на интернет, треба да се кликнат неколку чекори).

Доколку пак, целта на еден веб сајт или landing page е да донесе посетител само на една страница, нормално е определениот bounce rate да изнесува 100%.

Што се смета за добар bounce rate?

Просечен bounce rate во светски рамки според Google Analytics изнесува помеѓу 40 и 55%.

Се смета дека секој bounce rate под 40% може да биде дефиниран како одличен, односно е знак дека веб сајтот функционира одлично и професионално. Сепак, премногу низок bounce rate (под 20%) е речиси статистички невозможен, а ако се случи, може да значи дека кодот за Google Analytics не е правилно имплементиран.

Ако сајтот надмине bounce rate од 50%, тоа значи дека е време да се имплементираат некои промени кои може да доведат до подобрување на целокупните перформанси.

Како до подобар bounce rate?

Постојано контролирање на Вашите статистики преку Google Analytics е еден од првите механизми со кои ќе влијаете врз резултатите од овој параметар. Со вкрстување на информации кои се добиваат на Analtyics, ќе може полесно да утврдите дали определен чекор или страница на Вашиот сајт е проблематична за посетителите, и оттука предизвикува нивно исклучување пред завршување на Вашата поставена цел (конвертирање).

Исправање на сите погрешни линкови кои се наоѓаат низ сајтот, како и подобрување на страници од типот на „404 Page not found“ се исто така добри тактики, како и умерено поставување на pop-up прозорчиња, за кои 68% од посетителите се изјасниле дека ги нервираат.

Споро отворање на веб сајтот е исто еден од причинителите со кои посетителите си заминуваат. Поработете на перформансите поврзани со серверот и веб хостингот, и со оптимизирањето на сајтот.

Во фактори кои мора веднаш да се исправат за да се подобри bounce rate, спаѓаат и оние како лоша и неадекватна содржина, лош веб дизајн, недоволна оптимизираност и недостапност за мобилни уреди, и слични.

 

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn