Ова е едно од често поставуваните прашања од нашите идни клиенти е: колку е потребното време до активација на мојот веб сајт?

Често поставувани прашања
МКхост често поставувани прашања

Повеќето од нив имаат потреба брзо да дојдат до нашите услуги и да ги добијат во што е можно поскор временски интервал. Причината за ова е најверојатно потребата од рекламирање на интернет, воспоставување на контакт со свои партнери и снабдувачи, емаил комуникација со свое брендирано домен име, или пак префрлање на хостингот од друго место на серверите на МКхост од било која причина.

Во сите случаи, МКхост секогаш излегува во пресрет на своите клиенти и сака да ги опслужи најбрзо и со максимално задоволство.

Па така ќе го наведеме временскиот интервал кој е потребен за активација на некои од нашите услуги:

  • Времето на активација на интернационално домен име (com / org / net и сл.) е моментално и се одвива веднаш по завршување на уплатата.
    Па така, доколку сакате да купите интернационален домен и уплатата ја реализирате веднаш со вашата кредитна картичка, очекувајте доменот да ви биде активиран веднаш и да добиете потврда преку емаил за регистрацијата. Избор на интернационален домен е одлично решение ако го планирате бизнисот интернационално или едноставно сте се одлучиле за домен име со глобална наставка или пак ви се брза и сакате да го имате домен името веднаш. Чести се и случаите кога одредени клиенти ќе „начекаат“ интересно домен име кое е слободно, па сакаат веднаш да си го купат и нарачаат се со цел да не им го регистрира друг пред нив.
  • Времето на активација на Македонски домен имиња (mk / com.mk / net.mk) се движи обично од 1-5 работни дена по завршување на уплатата. Сега за сега, временскиот интервал е тој, затоа што Македонскиот регистрар – Марнет мануелно ги процесира барањата кои ние ги испраќаме до нив. Секогаш се трудиме барањата да ги доставиме во најскоро можно време, но не и секогаш брзината за регистрација зависи од нас, затоа што Македонскиот регистрар ги сортира и регистрира по нивен редослед, кој некогаш е брз, но некогаш знае да биде и малку спор. Сепак се надеваме дека за брзо време ќе имаме и моментална автоматска регистрација и на Македонските домени.
  • Времето на активација на хостинг пакетите е моментален и се одвива веднаш по завршување на уплатата.
    Па така, ако на пример сте нарачале BASIC хостинг пакет и веднаш го уплатите со вашата кредитна картичка, МКхост автоматски го сетира хостингот и ви ги испраќа сите информации преку емаил, па може веднаш да се логирате и да си го поставите својот веб сајт.
  • Ако извршите нарачка на комбинација од веб хостинг и интернационален домен и уплатата се реализира веднаш, тогаш очекувајте за само неколку минути да имате свој веб сајт кој ќе биде видлив на интернет и ќе може да работите со него, да креирате емаил сандачиња и истите да ви функционираат од моментот на активацијата.
  • Ако извршите нарачка на хостинг пакет и Македонски домен, тогаш хостинг пакетот се активира веднаш по уплатата, додека доменот подоцна во зависност од работата на Македонскиот регистрар. Во овој случај ќе може да ги поставите фајловите на хостингот и ќе ви доделиме моментална УРЛ адреса каде ќе може да го прегледувате она што сте го поставиле додека не ви биде активиран доменот. Исто така ќе може да си ги креирате и емаил сандачињата, но ќе нема да може да добивате пораки се` додека Македонскиот домен не биде активен на нашиот хостинг сервер.

МКхост се стреми активацијата на услугите да биде моментална и автоматска, со што нашите клиенти ќе го добијат она што го сакаат за најкратко можно време.

Доколку имате нешто да додадете или да не прашате, вашите коментари секогаш се добредојдени.

НАУЧИ ДА НАПРАВИШ СОПСТВЕН ВЕБ САЈТ!

Добиј пристап до бесплатен серијал од видео туторијали за WordPress во неколку чекори на македонски јазик.

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedIn