За МКхост

МКХОСТ ДООЕЛ е приватна компанија формирана во 2005та година со примарни дејности:
  •  веб хостинг
  •  регистрација на домени и
  •  веб развој.

МКхост влезе на пазарот кога интернетот во Македонија беше во подем, во време кога беше потребно присуство на интернет просторот. МКхост помогна и помага на многу компании, физички лица и организации да се појават на интернет со сопствени веб страни проширувајќи го својот бизнис национално и регионално.

МКхост го разби монополот на хостинг пазарот во Македонија, нудејќи веб хостинг пакети по светски стандарди со ниски цени и професионална поддршка за крајните корисници. МКхост го зголеми бројот на Македонски домени со услугата за регистрација на домени со брза и едноставна регистрација. МКхост е компанија со најголем број на регистрирани Македонски домени, со автоматизирани сервиси за контролирање на домените, автоматизирани скрипти и функционалности кои ги нуди со хостинг пакетите, како и со поддршка во секое време за корисниците. МКхост е прва хостинг компанија во Македонија која нуди избор на серверска локација: во Македонија или Америка.

Нашата цел е професионална, брза и ефикасна поддршка за корисниците. МКхост се стреми константно кон подобрување на услугите, надградба на хостинг пакетите, со главна цел корисниците да добијат повеќе за пониска цена.

МКхост е познат Македонски бренд во регионот веќе многу години по професионализмот што го нуди и помага на крајните корисници во остварување на нивните идеи и проекти базирани на интернет мрежата.