Започнува Startup Weekend Skopje 2016

Новото издание Startup Weekend Skopje започнува денес, 28-ми октомври. Одржувајќи се по 6-ти пат, локацијата на настанот овојпат е во HUB Skopje и ќе се одвива во наредните 3 дена.

startup

Замислен како 54-часовен евент, претставува одлична можност за младите во Македонија да се поврзат со искусни претприемачи, и да ги споделат и да се натпреваруваат со своите бизнис идеи, кои ќе бидат оценувани од локални и интернационални ментори и судии.

Учесниците на настанот во најголем дел припаѓаат на техничката или бизнис сферата, но и покрај дијаметралната спротивност во овие две струки, тука сите ги врзува една идеја – заедничкиот интерес кон претприемништвото. Учесниците во текот на трите дена работат во тим со кој ќе развиваат една заедничка идеја (продукт или бизнис), која на крајот од викендот треба да ја презентираат.

МКхост е помеѓу компаниите кои го помогнаа и ова издание на Startup Weekend Skopje.