Значење на емаил листите за еден онлајн бренд

Еден од најзначајните фактори за раст на онлајн бизнисите е преку емаил маркетинг, односно со градење на емаил листи. Со помош на овие листи, на едно место можат да се соберат сите потенцијални и активни корисници на твојот бренд.

Потенцијалните се оние кои треба да се убедат да направат определена конверзија. Активните треба да се информираат за сите дополнителни активности (услуги, продукти) кои можеш дополнително да ги монетизираш.

email spam

Како се градат емаил листи?

Не е едноставно да се убедат потенцијални корисници да се приклучат на твојата емаил листа. Кога определен бизнис бара целна публика за да направи subscribe на емаил листа, корисниците веднаш ќе помислат дека тоа е само поради маркетинг цели. Оттука, очекуваат дека ќе бидат постојано „спамирани“ со промоции и реклами.

Затоа, многу е важно да се дефинира вредност за корисниците, односно тие да се регистрираат на листата поради точно определена содржина. На пример – специјален попуст за членовите, онлајн курсеви, бесплатни книги или слично.

Пласирање

Едно од најсуштинските прашања е – На кои места да се пласира форма за регистрирање (subscribe) на емаил листата. Притоа, во исто време, таа да не биде нападна?

Еден од начините е преку поп-ап прозорец, кој би се појавил ако некој корисник доволно долго пребарува на твојот веб сајт. На пример, по 30-тата секунда од посетата, односно некој кој е доволно заинтересиран за содржините кои ги гледа на сајтот.

Исто така, пласирање на формата под текстови на твоите блог постови е тактика која може добро да функционира. Особено ако емаил листата е за едукативни цели.

Употреба

Еден од најефикасните начини како да се изгради квалитетна и долгорочна листа е истата да се употребува за едукативни цели.

Статистиките покажуваат дека корисниците приклучени на твојата емаил листа повеќе кликаат на едукативни наслови на маилови. Односно, маилови од кои можат да научат нешто и ќе добијат повеќе информации. Clickthrough rate е драстично понизок на маилови во кои во насловот доминираат попусти и промоции.

Контактирање

Кога е најдоброто време да им се испраќаат маилови на корисниците? Препорачливо е да се испраќаат маиловите во текот на работните часови, околу 10 до 14 часот.

Колку често? Тоа е прашање кое секој бренд може засебно да го одговори. Секако од посебна важност е постојано тракирање на перформансите. Дали преголемата количина на испратени маилови ќе предизвика многу откажувања од листите, или пак тоа уште повеќе ќе ги радува претплатниците и ќе ја зголемува листата?

Вредност

Зошто емаил листите се толку вредни? Во денешно време легално стекнатите податоци за твоите потенцијални и активни корисници се непроценливи. Емаил листите се едни од најпрактичните начини за да се оствари квалитетен онлајн маркетинг, при што бенефит ќе имаат и двете страни – твојот продукт и твоите корисници.

Затоа, започни уште денес со градење на обемна и квалитетна емаил листа!