Зошто е потребен контент маркетинг?

Контент маркетингот во повеќе наврати го споменавме како тренд во електронскиот бизнис и онлајн рекламирање.

Со помош на генерирање на содржини кои се вредни за потенцијалните потрошувачи, се гради избрана таргет публика. Преку истата, еден бренд треба да расте и да се развива. Зошто е потребно да се негува контент маркетинг?

Информации

Контент маркетингот дава повеќе информации од значење за потенцијалните корисници.

Истражувањата покажаа дека во 2010-та, пред да се направи нарачка на производ, потенцијалните потрошувачи пребарувале 5.3 ресурси со информации, за тој број да се зголеми на 10.4 само две години подоцна.

Со растот на уделот на смартфони, информацијата е поскапоцена од било кога. Затоа, тука контент маркетингот стапува на „сила“ и се вреднува уште повеќе како што одминува времето.

Пад на традиционалниот маркетинг

Банерите како форма на интернет рекламирање ја губат својата вредност. Голем дел од луѓето ги одбегнуваат рекламите на телевизија.

Традиционалниот маркетинг во смисла на пренесување на една порака на голем број на луѓе е во фаза на пад.

Речиси неверојатни 90% од анкетирани испитаници веруваат на препораки од нивните пријатели за одреден производ, додека само 10% од нив на стандардни банери на Интернет.

Контент маркетингот, на определен начин, претставува „затскриен“ трик на брендот со кој пријателски ќе се поврзе со своите потенцијални потрошувачи.

Lead generation

Контент маркетингот носи поквалитетни органски посети (leads), кои е поверојатно дека ќе се претворат во идни клиенти.

Кога се користи буџет за традиционален маркетинг, се носат голем број на платени посети, од кои не е сигурно колку ќе се задржат како вистински и органски (retention).

Со контент маркетинг, иако посетите почнуваат со мал број, нивниот квалитет е висок, а растот е прогресивен.

Подобрен search engine optimization (SEO)

Веќе знаеш дека рангирањето на твојот веб сајт кај пребарувачите (Google) е меѓу клучните фактори за да изградиш квалитетни органски посети.

Овој вид на маркетинг, со помош на соодветни клучни зборови кои ќе ја отсликуваат визијата на твојот бренд, ќе помогне твоето рангирање да се искачи многу повисоко.

Сепак – клучната работа е дека твојата содржина мора да биде навистина одлична.

Влијание врз одлучувањето

80% од потрошувачите би сакале да истражат за една компанија повеќе преку артикли и информации, отколку преку реклами.

70% од испитаниците рекле дека со ова тие се чувствуваат зближено со брендот, а 60% да направат подобра одлука за купување.

Сето ова значи дека влијанието на контент маректингот врз потенцијалните потрошувачи е огромен