Зошто мојот веб сајт изгледа непрофесионално?

Стремењето на секој бизнис е истиот да изгледа на високо ниво. Ако го третирате својот веб сајт како онлајн бизнис, време е континуирано да следите неколку чекори за постојано да бидете сигурни дека имате квалитетен производ.

Тестирање на сите елементи

Како што веќе зборувавме, клучен елемент за успешно лансирање на еден веб сајт е тестирање на сите параметри кои гарантираат квалитетно искуство на Вашите посетители.

Секогаш имајте ја на ум големата слика за тоа каков веб сајт сакате да имате, и која е неговата крајна цел.

Квалитет на содржината

Користење на литературен и граматички точен јазик е една од првите работи која ќе ја забележат посетителите.

Меѓутоа, квалитетот на содржината не се однесува само на користење на професионален речник. Самата содржина и нејзината усогласеност со целокупната визија за Вашиот бренд е од големо значење за тоа каква перцепција ќе имате пред посетителите.

Ангажирање на лектор и копирајтер се пожелни за да ви помогнат при отстранување на ваквите недостатоци. Некогаш и едноставни и ненамерни печатни грешки можат да остават голем непрофесионален впечаток.

Визуелен впечаток

Содржината на крајот е најважниот парамтар за да ги задржите посетителите, но првиот впечаток го остава изгледот на сајтот.

Под визуелниот впечаток, се подразбира сè она што го регистрира нашето око – од дизајнот на веб сајтот, до поставеноста на рекламните банери, како и квалитетот на сликите.

Во денешно време, многу е важно да имате оптимизиран веб сајт, кој ќе изгледа квалитетно, без разлика на кој уред и да се отвори. Користење на оригинални слики, а не купени stock images, исто така ја зголемува професионалноста и го зајакнува брендот.

Недостаток на https://

Безбедноста при пребарување на Интернетот е еден од проблемите и предизвиците со кои глобално се соочува мрежата. Посетителите стануваат сè повнимателни при нивниот онлајн избор.

Протоколот https:// е задолжителен за да имате сајт преку кој ќе се вршат онлајн трансакции. За да го добиете истиот, потребно е да се снабдите со SSL сертификат. Истиот ја гарантира безбедноста на сајтот, а посетителите (и потенцијални клиенти) ќе се чувствуваат посигурно.

Што ги одвлекува посетителите?

Ако не внимавате на некои од погоренаведените елементи, многу е веројатно дека можете да создадете одбивност кај Вашата потенцијална целна публика.

Ова се некои од начините кои статистички е покажано дека можат да наштетат на репутацијата на Вашиот сајт.

Како до поголема продажба?

Ако имате сајт кој се занимава со онлајн продажба, чекорите набројани погоре околу професионалноста дефинитивно мора да ги применувате константно.

Освен тие, постојат и препораки и методи преку кои може да ја зголемите конверзијата (продажбата) и оттука да оставите попрофесионален впечаток пред Вашиот аудиториум.