Зошто не можам веднаш да ја видам промената на именските опслужувачи на доменот?

Често се случува следнава ситуација:  Сте го регистрирале доменот и сте го оставиле така, немате веб страница за истиот.  Подоцна, доаѓа време кога одлучувате да развиете ваша веб страница, па купувате хостинг и го подесувате вашиот домен да ги користи именските опслужувачи (ДНС) на хостингот кој го имате закупено (поточно на серверот на кој се наоѓа хостингот). Чекате одредено време за да промените  на именските опслужувачи станат активни и потоа го посетувате вашиот сајт. Но, поради некоја причина сте пренасочени на „This webpage is not available“.  Ова обично се случува поради еден процес наречен кеширање на IP адреси, или процес на ДНС пропагација (освежување на ДНС зоните).

Што се случува?

Кога ќе побарате одредена веб страница преку вашиот интернет пребарувачот (Internet Explorer, Firefox, Google Chrome итн.), барањето прво се испраќа до интернет провајдерот кој го користите за пристап до Интернет на вашиот компјутер, тој ги контактира Domain Name Servers (DNS) за да ја побараат локцијата (IP адресата) на серверот каде е хостирана дадената веб страница. Кеширањето се случува кога даден прелистувач побарува одредена страница на дадена IP адреса, меѓутоа серверот (кој ја има таа IP адреса) повеќе не ја хостира таа страна. Па се поставува прашањето зошто прелистувачот воопшто ја побарал веб страницата на таа IP адреса кога сега страницата е хостирана на друг сервер (со друга IP адреса) и истата треба да ресолвира таму? Дали има некој проблем? Ова се случува бидејќи пребарувачот и оперативниот систем на компјутерот (а често и самиот ретер) чуваат листа на веќе пребарувани IP адреси, и се навраќаат на таа листа за идните пребарувања.(Пример кога еднаш ќе пристапите до mkhost.com.mk, доколку за кратко време повторно пробате да пристапите до www.mkhost.com.mk компјутерот ќе ја земе IP адресата од листата и од таму ќе пристапи до МКхост). Исто така Интернет провајдерите чуваат и листа на сопствените IP адреси. Целта на ова е да се забрза вчитувањето на веб страниците и да се намали „гужвата“ на интернет. За жал, ова може да предизвика одложување на промените на именските сервери.
Сликите подолу покажуваат што се случува кога има и кога нема кеширање.

Кога нема кеширање: Овoj тип на пребарување се случува кога некој за прв пат ја посетува вашата веб страница, или ако подолго време не ја посетил истата.

 

1

 

Кеширање на ниво на интернет провајдерот: Интернет провајдерот чува листа на веќе пребарувани домени. Оваа листа се чува само неколку денови или часови. Ако се промени името на серверот, провајдерот нема да ја побара новата IP адреса се додека старата на листата не „истече“. Па, во примерот, ако “ns1.your-new-host.com“ вели дека  “www.yourwebsite.com е на IP адресата 223.224.200.201“, посетителот на веб сајтот нема да ја добие таа информација се додека IP адресата на “www.yourdomain.com“ не „истече“ од листата.

2

 

Кеширање на компјутерот: Дури и вашиот компјутер и веб пребарувач кешираат IP адреси. На тој начин, нема потреба да ги пребаруваат IP адресите на интернет, што заштедува време. Но при промена на именскиот сервер, вашиот компјутер може се’ уште да оди на старата IP адреса неколку денови.

3

Како да проверите дали вашиот веб сајт е кеширан

МКхост користи две многу ефикасни алатки за тоа. Првата е “IP Lookup Tool“ и, која ќе ви каже дали подесувањата на новите именски оплсужувачи работат правилно. Дополнително оваа алатка ќе ви ги прикаже и вистинските , моментални именски опслужувачи на доменот без никакво кеширање.
Втората е “Snapshot Tool“ или алатката за сликање, која ги користи вистинските IP адреси за да ја поврати почетната страница на вашиот сајт. Ако сликата ја покаже страницата која ја очекувате, но не ја гледате истата кога го гледате сајтот преку пребарувачот, тогаш најверојатно тоа е така бидејќи IP адресата е кеширана.

Како другите корсиници (посетители) ја гледаат вашата веб страница после промена на именските опслужувачи

Вашиот веб сајт ќе работи правилно за новите посетители или за оние кои поретко ја посетуваат вашата веб страница. За да промената виде активна за вас , ќе треба или да чекате да се рефрешираат днс зоните (да се избришат кешираните верзии) или пак може да се обидете да направите неколку работи. Може да се обидете со постојано кликање на „освежи“ (refresh) на вашата веб страница , или пак да се обидете да го исчистите кешот на вашиот сајт.

Команда за чистење на локален DNS cache од вашиот компјутер:

ipconfig /flushdns

Командата се пишува во командниот промпт на Windows (Start – > Run -> cmd).

Може да се обидете и да го рестартирате компјутерот. Ако претходните постапки не функционираат, тогаш IP адресата можеби е кеширана од страна на вашиот интернет провајдер. Во тој случај, може да се обидете да го контактирате вашиот интернет провајдер и да побарате да го исчистат нивниот ДНС кеш. Ако ништо од ова не функционира, тогаш ќе треба да почекате 1-3 дена за кешираната IP адреса да истече.
Во меѓувреме, може да го посетувате вашиот домен од различен интернет провајдер, можеби на работа, во библиотека или во некое кафуле. Се надеваме дека интернет провајдерите и компјутерите на тие места претходно не го посетиле вашиот сајт, или барем не во скоро време. На крајот, кешираната IP адреса ќе истече и вистинската ќе биде побарана и користена за да се поврзете на вашиот сајт.

Колку време е потребно за да се освежи кешот на доменскиот именски ситем

Кешот се чисти во текот на одреден временски период. Предлагаме да почекате 24 часа за да се рефрешираат ДНС зоните. ДНС зоните се освежуваат во време определено со TTL (Time to Live) и откако тоа време ќе истече ДНС зоните се освежени и се ќе работи како што треба.

Може ли да се забрза процесот на рефреширање на ДНС зоните

Одговорот е не. Може да се обидете со тоа што ќе го подесите вашиот “TTL“ на помал број, но тоа не се препорачува. Стандардниот “TTL“ е подесен на 14400 (4 часа), меѓутоа мрежата која ја користите за да пристапите на интернет може да се ажурира побавно (иако вие би ја направиле локално промената).
Може да ги примените погоре кажаните начини за да пробате да го забрзате процесот како на пример како да го исчистите кешот од вашиот локален компјутер . Доколку ви се потребни инструкции за како тоа да го направите следете не и очекувајте ја нашата следна старија каде ќе зборуваме токму на таа тема.

Сепак дури и чистењето и освежувањето на вашата локална ДНС зоне не функционира секогаш, па понекогаш единствено решение е да бидете трпеливи и да почекате работите сами да се средат.